Супер жена на денешницата

superzena-na-denesnicata-povekjeТаа денес може да се сретне насекаде. Новите генерации на жени се со блескава кариера и бараат партнер за лична авантура. Се грижат за себе...


...самите донесуваат одлуки, не им се потребни мажи.

Tоа не значи и дека не ги сакаат. Но, може ли просечен маж да го поднесе фактот дека нема да биде постојано во центарот на нејзиното внимание? Тоа е вистинско искушение и предизвик на кој треба да му бидат дораснати.

Кога нешто сакаме и постојано планираме како да го постигнеме, обично се случува неуспех. Меѓутоа, ако животот ви е исполнет и ако сте насочени кон сегашноста, чуда се случуваат.

Како да и се пријде на супержена?

superzena-na-denesnicata

За почеток, како на личност рамна на себе. Жените се личности со мозок и сакаат да запознаат друга личност со мозок. Вашата прва средба не мора да биде исклучително комплицирана.

Немојте да се трудите да заблескате. Тенка е линијата помеѓу самодовербата и ароганцијата. Самоуверен маж кој умее да се пошегува на своја сметка е маж со кој повеќето жени би сакале да се забавуваат.

На борбата за моќ и на слични глупости им нема место во врската. Склоноста кон играње игри одамна нема смисла и со тоа работите само дополнително се комплицираат. Во животот сè може да биде едноставно. Ако си се допаѓате еден на друг, нека започне врската и без непотребни игри.

Но, доколку и се додворувате на некоја жена само затоа што сметате дека нејзиниот статус ќе влијае на вас, немојте залудно да се трудите. Жените обично имаат детектори за откривање на измамниците. Супержените - особено.

Тие лесно ги препознаваат оние мажи кои сметаат дека од нив ќе извлечат корист. Тие не се „кучки“, туку само не дозволуваат некој да ја злоупотребува нивната самостојност.

Ним им е потребен маж, кој ќе ги увери дека сè ќе биде во ред.

Сте имале ли врска со „супержена“? Слободно споделете го искуството со нас во коментарите.

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg