9 совети за жените кои немаат среќа во љубовта

Не го преоптоварувајте со повици и пораки, воздржете се за да не помисли дека немате свој живот.

9-soveti-za-zhenite-koi-nemaat-srekja-vo-ljubovta-01.jpg

Многу жени сметаат дека немаат среќа во љубовта и никако не успеваат да запознаат партнер кој е вистинскиот за нив.

И покрај напорите што ги вложуваат тие сметаат дека мажите не постапуват со нив како што треба.

Кои работи треба да престанат да ги прават жените во потрагата по љубов:

- Престанете да се сожалувате, никој не сака да биде во друштво на таква личност, сите сакаат самоуверени луѓе.

- Не плачете по поранешниот партнер и запомнете дека никој не е вреден за вашите солзи, луѓето кои не биле добри кон вас оставете ги во минатото.

- Задржете доза на мистериозност, не ги откривајте сите ваши тајни на почетокот, партнерот нека ве запознава чекор по чекор.

- На почетокот од врската вложете само 30% од вас, не давајте сѐ од себе, ако вреди тогаш подоцна ќе понудите повеќе.

- Тој нека ве брка вас, ова особено важи за почетокот, бидете му предизвик и нека се труди да ве освои.

9-soveti-za-zhenite-koi-nemaat-srekja-vo-ljubovta-02.jpg

- Покажете му дека имате свој живот, нека не ви се врти светот околу него од самиот старт, понекогаш одбијте состанок.

- Не го преоптоварувајте со повици и пораки, воздржете се за да не помисли дека немате свој живот.

- Не брзајте со интимниот контакт, тој треба да го почитува вашето тело и вие да донесете одлука кога да се случи тоа.

- Не се опседнувајте со исходот од врската, не кројте планови за брак и деца, само уживајте во моментот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg