7 состојки за среќен брак

7-sostojki-za-sreken-brak-povekjeДобриот брак и добриот рецепт имаат нешто заедничко – потребни се свежи состојки, оптимална количина од секоја од нив и преданост на...


...личноста која ги користи.

Кои се состојките кои се потребни за успешен брак?

7-sostojki-za-sreken-brak

1. Темел на рецептот – очекувања. Иако често ни говорат дека не треба да имаме големи очекувања, истражувањата откриваат дека е добро ако очекуваме многу од партнерот. Очекувањата, имено, ги зголемуваат шансите дека бракот ќе испадне онаков каков што сакаме. Секако, важно е да се реални.

2. Дневна лажичка љубезност. Рамнотежата секогаш мора да постои, па така лажичка негативни коментари и критики изедначете ги со барем пет комплименти и убави гестови.

3. Зачинете го бракот со секс. Зависно од тоа колку арома сакате, редовно порцијата зачинете ја со секс. Некои проблеми со помош на физичката блискост можат да се решат сами од себе.

4. Две пакувања пријатели. Сопствените проблеми и потреби распределете ги на повеќе раменици (пријатели, семејство) затоа што со тек на време вашите проблеми го преоптоваруваат партнерот. Редовно дружете се со другите.

5. Три лажички почитување. Радувајте се на успесите на партнерот и покажете му колку го цените.

6. Добро измешајте. Партнерот не смее да биде единствениот фактор во животот од кој зависи вашата среќа. Сами погрижете се за сопствената среќа и не го обвинувајте партнерот за своето незадоволство.

7. За крај – една лажичка нови искуства. Барајте нови, заеднички искуства со партнерот. Работи кои никогаш не сте ги правеле, места на кои никогаш не сте биле. Новите возбудувања ги враќаат пеперутките во стомакот.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg