„Емоционално го изневерив сопругот, се чувствувам виновно...“

„Долго време бев луда по личност со која само се допишував на социјалните мрежи. Мојот партнер не се сомневаше во ништо...“

emocionalno-go-izneveriv-soprugot-se-chuvstvuvam-vinovno-01.jpg

Дали емоционалното неверство е неверство или не? Оваа дебата постои отсекогаш и сите имаат различен став.

Но, факт е дека и емоционалното неверство може да биде исто така непријатно како и физичкото (или вистинското неверство, ако може така да се каже.)

Силните емоции кон друга личност навистина може да го повредат вашиот партнер, а некои жени за магазинот Cosmopolitan искрено се исповедаа за нивните емоционални неверства.

Искрени женски исповеди:

„Имав прекрасна врска, но на моето ново работно место брзо се спријателив со колега. Се согласувавме одлично и почнав да чувствувам дека се вљубувам во него. Ми беше ужасно, имав грижа на совест. Емоциите беа обострани. Му кажав на мојот партнер, се разделив од него, но потоа сфатив дека тоа со колегата била само емоцинална поврзаност. По кусо време го избришав од животот, се смирив со моето момче и по тешки 2 години успеавме да ја повратиме довербата и се венчавме.“

„Сопругот ми предложи да имаме отворен брак. Се чувствував лошо, но се согласив на тоа, наскоро се појави кандидат и мојот живот комплетно се промени. Тој стана магично привлечен за мене, но тогаш сопругот се премисли и почна да ме убедува дека треба да останеме моногамни. Се согласив. Но, долго време потоа не можев да престанам да мислам на новиот маж што ми се појави во животот. Уште срцето ми чука побрзо кога мислам на него.“

emocionalno-go-izneveriv-soprugot-se-chuvstvuvam-vinovno-02.jpg

„Најверојатно направив емоционално неверство затоа што работите во мојата врска не беа добри. Но, наместо да зборувам со мојот партнер јас направив грешка и почнав за проблемите да му се доверувам на еден колега. Со него без проблем можев да си замислам да започнам врска. Изневерував во умот. Но, наскоро се покажа дека мојот колега е навистина лоша личност, дека не сум го познавала добро и дека мојот партнер всушност е најдоброто нешто што ми се случило во животот. Му кажав отворено за моите емоции и мисли, ми прости, врската ни се подобри и уште сме заедно.“

„Се вљубив во стар пријател, но ништо не се случи. Кога видов дека работите може да отидат во погрешна насока престанав да контактирам со него и се насочив кон мојот партнер.“

„Долго време бев луда по личност со која само се допишував на социјалните мрежи. Мојот партнер не се сомневаше во ништо, иако знаеше одвреме навреме да направи љубоморна сцена затоа што константно внимавав да не ми го допре телефонот. Чувствував дека правам нешто погрешно. Затоа ја прекинав врската и се запознав во живо и почнав контакт со личноста со која се доппишував. Сега имаме деца заедно.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 неочекувани работи кои посочуваат дека вашиот брак нема да трае засекогаш Научници ги анализирале браковите на 373 двојки во период од 16 години. До 16-та...
Прашувам за пријател: „Го изневерив сопругот и првпат доживеав оргазам, веќе не сакам здодевен секс ... „Малку е веројатно дека некогаш со некого повторно ќе ја почувствувате истата во...
„Одглумете главоболка пред легнување“ – смешни секс совети за жените од 19-тиот век (18+) „Никогаш не се појавувајте разголени пред сопругот затоа што ќе го возбудите неп...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
„Имам микропенис - никогаш не ги лажам девојките за големината, но им го чувствувам разочарувањето“ ... „Секогаш ги избегнував соблекувалните за да не ми се забележи големината на поло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg