5 знаци дека треба да му дадете шанса за врска на разведениот маж

Зошто се развел? Дали таа го оставила? Дали нешто не било во ред? Што ако и мене ме очекува истото? Дали ќе има трауми и фрустрации од претходниот брак?

5-znaci-deka-treba-da-mu-dadete-shansa-za-vrska-na-razvedeniot-mazh-01.jpg

Многу жени стравуваат од тоа дали разведениот маж со кој се гледаат е „материјал“ за сериозна врска и се плашат да се впуштат во таква авантура.

Сепак, живееме во модерно време, а причините за развод на бракови може да бидат најразлични и не мора да значи дека едниот од нив е „оштетен“ или дека никогаш не може да биде со никој друг.

Напротив, многупати овие мажи (и жени) по вакво животно искуство стануваат уште позрели, знаат точно што сакаат во животот, а од што „избегале“. Но, може и да наидете на некој кој уште нема расчистено со себе и со поранешниот брак, со себе влече минат товар, фрустрации и трауми.

За да бидете сигурни дека мажот со кој се гледате е доволно зрел и способен за нова врска, има неколку знаци по кои може да го препознаете тоа (покрај вашето меѓусебно разбирање, почит, внимание и привлечност).

Работи кои откриваат дека заслужува шанса:  

Тој е добар татко

Ако има деца од претходниот брак, а забележувате дека постојано е во контакт со нив, се грижи за нив и не ве запознава додека не е сигурен дека помеѓу вас работите се сериозни и дека тоа нема да им пречи на неговите деца, тоа значи дека тој е човек што знае да сака и да се грижи. Секако, пожелно да изразува желба во догледен временски период да се запознаете, кога ќе дојде време за тоа.

Овие знаци покажуваат дека ако во иднина имате и заеднички деца, тој ќе биде исто толку заштитнички настроен, но дури и да не планирате деца - овие знаци покажуваат дека тој е доволно грижлив, одговорен и зрел човек.

Се справил со разводот достоинствено

Разводот поминал мирно и без драми, не се обидува да ја манипулира, не се служи со подли сценарија или уште полошо, да ве искористува вас за разни цели поврзани со поранешниот брак. Одржува нормален контакт, но не и претеран за да не знаете на што сте. 

Зборува со респект за поранешната сопруга

Ако не зборува наоколу лошо за поранешната сопруга, обидувајќи се да излезе жртва во ситуацијата, тоа значи дека има почит кон неа и ја цени приватноста на бракот иако помеѓу нив е готово.

Ова е важно затоа што истото би важело и за вас доколку се одлучите за нешто сериозно. Доколку има дете, може да набљудувате како се однесува кон детето во однос на неговата мајка – важно е никогаш да не користи лоши зборови пред детето за неа. Во таков случај – тоа е човекот што ви треба.

Тој е „отворена книга“

Ова не значи дека треба постојано да зборува за неговата поранешна, туку дека не се плаши отворено да разговара со вас за неговата ситуација, не ви ги крие работите и фактите, ви одговара на прашањата и се претставува во вистинското светло – тоа значи дека е заинтересиран за вас, а минатото е зад него и само го научило на лекции.

Си стои на зборот

Ако е сериозен во своите намери и не сте му само нешто минливо, тој никогаш нема да се расфрла со празни ветувања и да ви дава лоши изговори. Доколку си стои на зборот, знае да го почитува вашето време и желби, се обврзува да го направи тоа што го кажал – дефинитивно нема од што да се плашите.

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg