„Девојка ми ме изневерува со богати мажи - сакам да се оженам со неа, но не можам да ѝ го пружам луксузот што го бара“

За некои луѓе неверството е нешто што не можат да го простат и веднаш би ја прекинале врската. Но, овој маж иако знае дека девојка му постојано го изневерува бара совет за тоа како да ја спаси врската. Што би му порачале вие?

Devojka-mi-me-izneveruva-so-bogati-mazi-sakam-da-se-ozenam-so-nea-no-znam-deka-ne-mozam-da-i-go-pruzam-luksuzot-shto-go-bara-01.jpg

Деновиве британски The Sun објави писмо на еден маж упатено до дежурниот психолог Дидре во кое тој вели дека неговата девојка и самата му признала дека го изневерува со богати мажи, затоа што сакала некој постојано да ја изненадува со скапи подароци и да се вози во скапи автомобили.

Писмото проследете го во целост:

Мојата девојка толку многу сака да се фали со пари па постојано има афери со богати мажи. Јас сум столар и работам напорно за да заработам достојна сума пари, но за неа не ѝ е доволно.
Сакам да се оженам со девојка ми, но мојата плата никогаш нема да биде доволна за неа.
Јас имам 28 години, а таа 27. Сакав да се оженам со неа, но мислам дека треба да се соочам со реалноста дека никогаш нема да заработам доволно пари во нејзините очи.
Таа е козметичарка и навистина е убава и нема проблем за да добие внимание.
Заедно сме три години и дознав за нејзината прва афера уште во првите шест месеци затоа што нејзина колешка случајно издаде дека таа се гледа и со некој друг.
Ѝ простив откако ми објасни дека не била сигурна дека ќе бидеме заедно на долги патеки – и дека другото момче ѝ било „за секој случај“.
Ја убедив дека сакам да бидеме заедно и таа рече дека го сака истото. Мислев дека тоа што се случи ќе биде минато.
Се трудам да ѝ угодам колку можам повеќе и ја носам во најдобрите барови и ресторани што можам да си ги дозволам.
Но, не е доволно. Минатиот месец најдов повеќе дизајнерски чанти, чевли и накит во задниот дел од нејзиниот гардеробер.
Не живееме заедно и барав јакна што ја имав оставено кај неа. Најдов мала чанта од Burberry и од неа испадна белешка:
'Најубавата чанта за најубавата девојка. Те сакам преслатка си М.'
Таа ме најде додека сè уште бев таму, а по неколку минути веднаш ми ги кажа сите детали.
Рече дека не било до сексот, не било нешто незаборавно, туку ѝ било до тоа да биде опсипана со подароци и да ја возат во луксузни автомобили.
Како може да имаме иднина кога сè што можам да ѝ понудам е возење во моето бело комби?

Очекувано Дидре го потсетува овој маж дека раскошниот живот и големите суми пари не се замена за вистинска љубов.

„Ако не те сака безусловно, ниту еден износ пари нема да биде доволен за нејзината љубов“ – вели таа, но напоменува дека можеби има други причини освен скапиот вкус што прават таа да изневерува.

Како што вели таа, иако можеби изгледа дека оваа девојка е само спонзоруша, можеби има и други аспекти во врската со кои не е среќна.

„Таа мора да сфати дека не може да има сè што сака. Разговарајте заедно за промените што и двајцата би можеле да ги направите за да бидете посреќни во врската. Сепак, ако нејзината љубов и натаму останува површна, тогаш треба навистина да размислиш да си заминеш. Заслужуваш некоја што ќе биде горда да седи до тебе во твоето комби“ – вели Дидре.

Што мислите вие? Заслужува ли оваа девојка нова шанса? Дали воопшто би можеле да ѝ простите на девојката ако ве изневерила не еднаш туку повеќе пати?

Б. С. Б. | Црнобело / Извор: Freepik

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава