Зошто ни се чини дека сексот со бившиот е „најдобар“?

„По неколку пијачки му пишав на бившиот и се најдовме“, „Се видовме на една вечер - кога ќе го најдам вистинскиот ќе престанам да му се јавувам“ ... Сите сме се нашле во оваа позиција нели!? Но зошто е тоа така? Зошто ни се чини дека „сексот со бившиот“ е најдобар?

dali-seksot-so-bivshiot-navistina-beshe-podobar-zoshto-im-se-vrakjame-na-poraneshnite-ljubovnici-01.jpg

Бен Афлек и Џеј Ло деновиве се актуелни со тоа што ја обновија својата врска по речиси две децении, а ние се прашуваме зошто секогаш имаме потреба да им се навраќаме на бившите.

Речиси и да нема некој што откако ставил крај на врската не подлегнал на искушението повторно да има секс со бившиот/бившата, повторно да посака да биде со него/неа. Зошто е тоа така?

Според истражување објавено на Dailly mail, дури две третини од луѓето што се во брак признаваат декаа често мислат на бившите. Честопати, се случува и припадниците на двата пола да имаат секс со бившиот партнер додека ја бараат новата љубов.

Но зошто е тоа така?

Ве мрзи да барате некој нов

Речиси и да нема некој на кому не му се случило кога е излезен и под влијание на алкохол да не почне да праќа „пијани“ пораки до бившиот. Причините за тоа се едноставни – не сакате да вложувате труд да барате некој нов, тоа бара напор, а може да биде и опасно.

Затоа, најлесно е да се свртите кон она што веќе ви е познато, сигурно и проверено.

dali-seksot-so-bivshiot-navistina-beshe-podobar-zoshto-im-se-vrakjame-na-poraneshnite-ljubovnici-03.jpg

Не бевте повредени, сексот е добар

Доколку претходно сте имале опуштена врска, никој од вас не излегол повреден, а сте имале добар секс – тогаш зошто би одбиле повторно да се сретнете? Најчесто сите велиме дека таквите средби ќе престанат кога конечно ќе го најдеме вистинскиот, но средбите со бившиот се добри за да се реши моменталниот проблем, нели?

dali-seksot-so-bivshiot-navistina-beshe-podobar-zoshto-im-se-vrakjame-na-poraneshnite-ljubovnici-06.jpg

Секогаш ќе постои конекција

Имајќи предвид дека веќе сте биле заедно, сосема е нормално тоа што секогаш чувствувате поврзаност со бившиот. Дури иако повеќе не сте заедно, тоа не може да ги избрише сеќавањата и спомените што веќе ги имате заедно.

Од друга страна, сексот со некого што веќе го познавате и со кого веќе сте „кликнале“ е мошне позабавен и прави да се чувствувате поудобно. Веќе го познавате нивното тело. Можете да им верувате и да се чувствувате безбедно со нив, Тоа што веќе се познавате само придонесува за тоа да се чувствувате побезбедно, што особено им е важно на жените.

dali-seksot-so-bivshiot-navistina-beshe-podobar-zoshto-im-se-vrakjame-na-poraneshnite-ljubovnici-04.jpg

Знаат што ве доведува до оргазам

Колку повеќе време сте биле со некого, толку повеќе знаете што таа личност сака, а што не, што прави да се чувствува убаво, а што не. Бившиот веќе сигурно знае што е она што ви е потребно за да го достигнете врвот и нема потреба да ве запознава.

dali-seksot-so-bivshiot-navistina-beshe-podobar-zoshto-im-se-vrakjame-na-poraneshnite-ljubovnici-07.jpg

Сексот за една ноќ прави да се чувствувате безвредно

Постојат голем број двојки што откако сфатиле дека не се за врска, сепак одлучиле да останат „пријатели со бенефиции“ , секако со претходно утврдени правила и граници. Ваквите договори функционираат за голем број парови, но секако треба да сте сигурни дека и двајцата сте согласни дека се работи само за секс и ништо повеќе.

Неретко се случува потајно да негуваме надеж дека бившиот еден ден ќе сфати дека згрешил и ќе ни се врати и кога конечно ќе го добиеме долго очекуваниот повик да бидеме пресреќни. Но, што откако ќе сфатите дека тој не го чувствува истото за вас и вие сте биле само сигурна забава за една ноќ?

dali-seksot-so-bivshiot-navistina-beshe-podobar-zoshto-im-se-vrakjame-na-poraneshnite-ljubovnici-05.jpg

Понекогаш треба да се вратите назад, за да можете да продолжите напред

Доколку навистина цело време мислите на бившиот и постојано се прашувате каков исход би имале доколку сте направиле нешто поразлично, понекогаш можеби ви е потребна само една заедничка ноќ за да расчистите со себеси.

Понекогаш ви е потребно да се присетите кои биле причините зошто сте ја раскинале врската на прво место, па повторното обновување на врската и на само две недели може да ви помогне во тоа.

Иако сексот е добар, брзо ќе се присетите на старите проблеми што ве натерале да ја прекинете врската. За повеќето ова е доволно за да престанат да ги идеализираат бившите партнери.

dali-seksot-so-bivshiot-navistina-beshe-podobar-zoshto-im-se-vrakjame-na-poraneshnite-ljubovnici-02.jpg

Сексот со бивишиот беше подобар од тој со сегашниот партнер

Понекогаш станува збор за „хемија“, но најчесто се работи за нешто што можете да го направите и со новиот партнер.

Сексот со бившиот е добар затоа што знаете дека нема да трае. Тоа значи дека многу повеќе се посветувате на тоа да уживате во мигот, отколку кога знаете дека нешто ви е постојано достапно. Ова исто така прави да бидете поавантуристички настроени.

Кое е решението? Обидете се да се опуштите и бидете присутни во мигот. Кажете му на партнерот што сакате, а што не.

dali-seksot-so-bivshiot-navistina-beshe-podobar-zoshto-im-se-vrakjame-na-poraneshnite-ljubovnici-08.jpg

Уште една причина зошто сексот со бившиот партнер е повозбудлив е и тоа што бившите речиси секогаш се некои со кои што сте биле кратко време или сте се спојувале и сте се разделувале повеќепати. Со него не сте имале можност да бидете сериозни.

Сосема е логично, рутината со долгогодишниот партнер да ви изгледа здодевно, кога со него времето го поминувате во заеднички шопинг, договори за исплата на кредити, креирање на дом и разговори за иднината... Доколку не внесете малку забава и во секјдневието, тоа брзо се пренесува и во спалната соба.

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg