3 фази низ кои поминуваат паровите пред крај на врската или бракот

Постојат конкретно 3 фази пред врската или бракот да се распаднат, а добрата вест е дека во една од нив можете да реагирате, како би си ја спасиле љубовта.

3-fazi-niz-koi-pominuvaat-parovite-pred-kraj-na-vrskata-ili-brakot-001.jpg

Првата почнува со разбивање на илузиите  и со разочарување.

Втората преминува во незадоволство.

Се завршува со апатија и рамнодушност.

1. Разочарување во врската

Ова разочарување многу често се појавува поради претеран оптимизам во поглед на иднината на врската. Недостатокот на одговорност и недостатокот на емоционална поддршка од партнерот е главната причина за разочарувањето.

2. Фаза на незадоволство

Постепеното губење на емоционална поврзаност резултира со губење на љубовта. Што се случува во оваа фаза?

Најпрво, чувството на разочарување се намалува, но чувството на повреда и лутина не се менува. Во фокус е неодговорноста на партнерот и останатите негативни карактеристики. Повеќе не може да се фокусира на позитивните страни на односот.

Во оваа фаза најчесто се случува и физичкото одвојување.

3. Апатија и рамнодушност

Огромното дистанцирање, физичко и емоционално, ја карактеризира последната фаза на одљубување. Повеќе нема лутина, само рамнодушност.

Во оваа фаза, пред да решат да ја прекинат врската, партнерите се склони на јавно искажување на незадоволството.

На паровите им е најпотребна помош кога најмалку ќе ја побараат – во првата фаза. Постојат неколку видови на прашања кои може да ве спасат проблемите да се продлабочат:

- Кои се вашите очекувања од бракот?

- Дали го соопштувате она што го сакате и чувствувате?

- Како се справувате со проблемите во пар?

- Како се носите со отпорот од партнерот?

- Дали познавате кога вие сте проблемот во врската?

Прочитајте и Не е секогаш заради сексот: На тема „Зошто изневеруваме?“ со м-р Ивана Хаџиванова, психолог

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава