Мажи буквално опишуваат како изгледа нивниот оргазам (18+)

„Знам дека ќе доживеам оргазам буквално само 2 секунди пред тоа. Искачувањето е брзо, како од 0 на 100 километри...“

mazhi-bukvalno-opishuvaat-kako-izgleda-nivniot-orgazam-01_1.jpg

Како изгледа машкиот оргазам? Жените не можат да замислат што конкретно чувствуваат мажите при оргазам, но сепак некои мажи се обидуваат да им го објаснат тоа во исповеди за магазинот Metro.

Исповеди на неколку мажи на тема машкиот оргазам:

„Знам дека ќе доживеам оргазам буквално само 2 секунди пред тоа. Искачувањето е брзо, како од 0 на 100 километри. Брзо е и интензивно.

Кога станува збор за добар оргазам чувствувам дури како ми минуваат бранови низ телото и рацете и нозете ми затапуваат, а потоа се чувствувам лесен како пердув.“

mazhi-bukvalno-opishuvaat-kako-izgleda-nivniot-orgazam-03.jpg

„За мене постепеното зголемување на сексуалната возбуда е најдобро, кога мускулите се тензични и најголем предизвик ми е во тој миг да успеам да го пролонгирам оргазмот, а длабоко во себе чувствувам пулсирање и нагон тоа да се случи веднаш.“

„Чувствувам како срцето забрзано ми чука и за миг умот ми станува комплетно празен и не сум свесен за ништо околу мене, а потоа сум релаксиран и ми се спие.“

mazhi-bukvalno-opishuvaat-kako-izgleda-nivniot-orgazam-02.jpg

„Во тој миг со секоја наредна пенетрација чувствителноста расте и доаѓа до точка од која нема враќање. Доаѓа експлозија за миг и потоа чувство на екстаза, релаксираност и задоволство.“

„Некое чудно чувство како да ми патува од колената преку бутовите до половиот орган и потоа следи експлозија и неописливо чувство на задоволство.“

mazhi-bukvalno-opishuvaat-kako-izgleda-nivniot-orgazam-05.jpg

„Чувството е толку интензивно што не можам да се контролирам, колку и да се трудам да ги држам очите отворени, тие ми се затвораат и како да ми се превртуваат. Потоа само сакам да спијам.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg