9 занимливи факти во врска со сексот кои веројатно не сте ги знаеле досега

Дали сте знаеле дека додека мажите гледаат порнофилмови, во поголем дел од времето се насочени кон погледот и изразите на жените, отколку на нивното тело?

9-zanimlivi-fakti-vo-vrska-so-seksot-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-dosega-01.jpg

Некои се корисни, а некои едноставно интересни. Сексот останува една од најкоментираните и најинтригантните теми, без оглед на годината која ја покажува календарот.

За повеќе интересни детали поврзани со сексот, продолжете со читање:

1. Сексот ги ублажува мигрените и главоболките. Значи изреката „Ме боли главата“ официјално е само лош изговор.

2. Кај некои жени, клиторисот може да се намали по менопаузата. Ова настанува поради намаленото количество естроген во телото, но намалувањето на клиторисот е толку мало, што не се ни забележува. 

3. Пожелно е жените да прават 20 минути кардиовежби пред секс бидејќи тоа влијае на зголемување на возбудата за време на сексуалниот однос. Сепак, имајте на ум дека не е лошо да го искористите тушот помеѓу вежбите и креветот.

9-zanimlivi-fakti-vo-vrska-so-seksot-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-dosega-04.jpg

4. Кога се допираат градите на жената, се активира истиот дел од мозокот кој е активен при стимулација на вагината или стимулација на клиторисот.

5. Мозокот е многу поактивен кога гледа во голи луѓе отколку кога погледот е насочен кон облечени луѓе.

6. Мажите кои сакаат да водат љубов, односно да имаат секс на ризични места и брзаат, имаат поголема шанса да се здобијат со повреди на пенисот.

9-zanimlivi-fakti-vo-vrska-so-seksot-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-dosega-02.jpg

7. Кога гледаат порнофилмови, мажите поголемиот дел од времето го поминуваат гледајќи го лицето на жената и нејзините изрази, а не само нејзиното тело.

8. 12 недели практикување јога може да ја подобри возбудата, оргазмите и целокупното задоволство од сексот кај жените. Ова се должи на затегнувањето на карличните мускули.

9. Луѓето кои практикуваат врзување и садо-мазо игри имаат поизразено чувство на благосостојба од оние коишто не го прават тоа.

9-zanimlivi-fakti-vo-vrska-so-seksot-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-dosega-03.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава