Оргазмот, покрај корисните придобивки, може да има и нуспојави – кои се најпознатите?

Главоболката, но и неконтролираната смеа се ретки нуспојави од оргазмот, но сепак постојат.

Nus-pojavi-na-orgazmot-01.jpg

Предностите и позитивните придобивки на оргазам се бројни. Но, верувале или не, сексуалната кулминација може да предизвика и неколку неочекувани нуспојави.

Еве за кои станува збор:

Грип

Синдромот на посторгазмична болест (POIS) е многу ретка болест. Сепак, кога ќе се појави, лицето развива симптоми слични на грип и алергија по оргазмот, било со партнерот или по мастурбацијата.

Најчесто се јавува кај мажите после ејакулација, но се случува и кај жените. Симптомите можат да се развијат во рок од неколку секунди, минути или часови по оргазмот и обично траат два до седум дена.

Симптомите исчезнуваат сами по себе и вклучуваат замор, слабост, главоболка, треска, болки во грлото и затнат нос. Истражувањата велат дека тие се активирани од автоимуна реакција на спермата кај мажите, додека кај жените таа е поврзана со ткивото околу вагината.

Но, немојте да стравувате бидејќи ова нарушување е многу ретко и најверојатно никогаш нема да се соочите со него. 

Главоболка

Според Mayo Clinic, сексуалните главоболки можат да се појават со зголемување на сексуалната возбуда, непосредно пред или по оргазмот.

orgazmot-pokraj-korisnite-pridobivki-moze-da-ima-i-nus-pojavi-koi-se-najpoznatite-02.jpg

Кивање

Една статија објавена во Journal of the Royal Society of Medicine тврди дека кивањето како одговор на оргазмот е појава која „можеби е почеста од очекуваното“, но малку се зборува за тоа поради непријатноста.

Смеа

Нема многу истражувања кои ја откриваат причината за неконтролираната смеа по оргазам, но постојат претпоставки.

На пример, зголемените емоции може да доведат до неконтролирано смеење, а оргазмот е тој што го поттикнува ослободувањето на силните хормони на среќата – допамин и окситоцин.

orgazmot-pokraj-korisnite-pridobivki-moze-da-ima-i-nus-pojavi-koi-se-najpoznatite-03.jpg

Плачење

Плачењето може да биде уште еден несакан ефект од оргазмот. Всушност, тагата по сексот (позната како посткоитална дисфорија) е многу честа појава, а истражување покажало дека до 40% од испитаниците го имале овој симптом барем еднаш во животот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава