„По третиот состанок бакнете ја, но не форсирајте“ – Љубовни совети од '70-тите години

„Имајте трпение. Со тек на време таа самата ќе сфати дека покрај романтичните прошетки и бакнежи има уште нешто и ќе биде подготвена за поблизок однос“ - Совети од 70-ите за млади мажи кои очајнички бараат совети како полесно да ја освојат својата сакана.

„По третиот состанок обидете се со бакнеж, но не форсирајте“ – Љубовни совети од 70-тите 01 630x330.jpg

Љубовта е една од најголемите инспирации во човештвото. Таа е „виновник“ за создавањето на едни од најпознатите светски книжевни и уметнички дела.

Жената е муза, таа е носечко тело на уметноста, но од друга страна е толку „комплицирана“ и неодгатлива мистерија.

За женската психа се напишани многу книги, а една од нив е посветена на младите мажи, заљубени адолесценти кои очајнички бараат совети како полесно да ја освојат својата сакана.

Станува збор за книгата „Што еден млад човек сака да знае за една девојка“ од Хелге Петерман, напишана во 1973 година.

Изјавувањето на љубов, флертувањето и „големиот чекор“ – некогаш и денес навистина се разликуваат.

Во продолжение издвојуваме неколку љубовни совети од 1970-тите коишто како што велат постарите „секогаш вродуваат со плод“:

„Доколку сѐ тече според пропишаното, девојката треба да се бакне по третиот состанок. Ако се припие кон него за време на бакнежот, тоа е доказ дека таа е возбудена“.

„По бакнежот, девојката ќе заклучи дека момчето не е рамнодушно, но ако дознае дека секоја вечер се бакнува со друга, приказната се менува. За повеќето млади девојки бакнежот е исполнување на нејзините желби и тие го сфаќаат доста сериозно“.

„Некои девојки живеат во постојан конфликт со своите чувства. Тие страдаат од обесхрабрување, се сомневаат во нивниот шарм и способност да привлечат млад човек, особено ако тој никогаш не се обидел да ја бакне, иако често се заедно“.

„По третиот состанок обидете се со бакнеж, но не форсирајте“ – Љубовни совети од 70-тите 02 630x370.jpg

„Жените не сакаат нивниот партнер да добие впечаток дека лесно се освојуваат. Затоа тие често изгледаат круто, зрачат со студ и создаваат невидлива пречка која суштински не постои“.

„Еден млад човек треба да се обиде да бакне, но тоа да не биде исфорсирано“.

„Девојката може да му удри шамар или едноставно да го оттурне и да побегне. Тоа е една можност, но не значи дека таа е рамнодушна кон него – туку смета дека чекорот е пребрз и сака момчето малку повеќе да се потруди (во суштина да го измачи)“.

„По третиот состанок обидете се со бакнеж, но не форсирајте“ – Љубовни совети од 70-тите 03 630x380.jpg

„Девојките можат да бидат реални и многу разумни, а сепак цврсто решени да не попуштат при форсирањето. Кога станува збор за разговор за првиот секс, ситуацијата е следна: самата помисла на таа „нечистотија“ е застрашувачка, но само додека не се пробие мразот. Според книгата, за нив љубовта била нешто возвишено, а мислата за секс валкана“.

„Момчињата се во мака и се лутат на нивната „глупост“, а попаметно би било да имаат повеќе трпение. Ако ја сака, ќе разбере дека уште не созреала и дека не треба да се брза.

Со тек на време таа самата ќе сфати дека покрај романтичните прошетки и бакнежи има уште нешто и ќе биде подготвена за поблизок однос“.

„Тогаш се сметало дека односот на една девојка и момче е под влијание на семејните односи. Детето на кое родителите му скратиле на нежност, полесно ќе се впушти во авантура.

Особено девојката, доколку нејзиниот татко ги крие чувствата и е ладен и строг. Практично, можноста е голема дека таа ќе му се предаде на првиот млад човек на кој ќе наиде, без многу да размислува за последиците“.

„По третиот состанок обидете се со бакнеж, но не форсирајте“ – Љубовни совети од 70-тите 04 630x380.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава