„Што ѝ ја убива сексуалната желба на жена ми? Имаме секс само за да ме задоволи“ (18+)

„Јас имам 38 години, а мојата сопруга има 36. Во брак сме 10 години. Сакам да ја милувам и да се чувствувам близок со неа, но гледам дека таа мрази кога ја допирам.“

shto-i-ja-ubiva-seksualnata-zhelba-na-zhena-mi-imame-seks-samo-za-da-me-zadovoli-01п.jpg

Еден маж искрено се исповеда за магазинот TheSun околу проблемите во сексуалниот живот со неговата сопруга и бара помош.

Неговата исповед:

„Јас имам 38 години, а мојата сопруга има 36. Во брак сме 10 години и имаме 3 деца.

Имавме одличен и редовен секс до мигот до кога стапивме во брак, а потоа сè се промени.

Мојата сопруга никогаш не била многу по романтиката, но јас сум комплетна спротивност. Сакам да ја милувам и да се чувствувам близок со неа, но гледам дека таа мрази кога ја допирам.

Единствен пат кога сексот ѝ беше приоритет беше кога сакаше да имаме бебиња.

Ја сакам со целото мое срце. Таа го вели истото за мене, но понекогаш не можам да не ја презирам малку.

Навистина ми е потребен поинтензивен сексуален живот, а не само механички секс за да ме задоволи, дури без предигра и бакнување.“

Советот на експертот за врски во магазинот TheSun:

„Само твојата сопруга знае што точно ѝ е во главата и зошто сексот ѝ е одбивен. Прашај ја отворено зошто не е заинтересирана за секс. Нагласи ѝ дека интимноста е фундаментален дел од среќната врска.

Прашај ја дали има нешто што правиш погрешно, па поради тоа таа не ужива во сексот. Ако е таа причината, тогаш кажи ѝ да ти објасни што сака, а што не сака и биди отворен да научиш повеќе за тоа што ги возбудува и задоволува жените во кревет.

Или пак прашај ја да не е презаситена од другите аспекти на вашиот брак, па тоа ѝ ја убива сексуалната желба?

Можеби е под стрес или депримирана, тоа знае да влијае на либидото.

Најважен е искрениот разговор.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава