Најдобрата секс поза за секој маж, зависно од „надареноста“ (18+)

Секс позите што може да им помогнат на мажите со помал полов орган, може да биде болни за партнерката доколку сте од оние што се понадарени. Која секс поза одговара на секоја големина на машкиот полов орган?

najdobrata-seks-poza-za-sekoj-mazh-zavisno-od-nadarenosta-01.jpg

Многумина велат дека големината на машкиот полов орган не е пресудна за уживањето во сексот, а дека опседнувањето со тој проблем може да ја наруши самодовербата и да влијае врз тоа како тој ќе се покаже во спалната соба.

Исто така, треба добро да се избере и секс-позата што ќе биде соодветна за големината на машкиот полов орган. Она што е добро за оние со помали димензии, може да биде болно за партнерката на оние мажи што се понадарени.

Во продолжение погледнете која секс поза одговара за секоја големина на половиот орган:

За оние „помалите“

Доколку сметате дека не сте премногу надарени во однос на големината на половиот орган и сметате дека тоа ви прави проблем, тогаш треба да ја изберете „кучешката“ секс поза, затоа што таа овозможува подлабока пенетрација.

Сепак, треба да знаете дека оваа секс-поза може да биде мошне болна за партнерката доколку сте понадарени од просекот.

najdobrata-seks-poza-za-sekoj-mazh-zavisno-od-nadarenosta-02.jpg

За „надарените“

Иако многумина сметаат дека „надареноста“ е нешто со што треба да се фалат, сепак, сексот може да биде непријатен за партнерката доколку таа чувствува болка и непријатност.

За вас најдобра секс-поза е „каубојка“ или „завртена каубојка“ или било која друга позиција што ќе ѝ овозможи на партнерката во целост да ја контролира длабочината на пенетрацијата.

najdobrata-seks-poza-za-sekoj-mazh-zavisno-od-nadarenosta-03.jpg

За „просечните“

Овие мажи се вистински среќници што може да уживаат во сите секс-пози.

Сепак, кога би требало да се издвои една поза, тоа би била позата „лотус“ затоа што ќе ви овозможи да уживате во поголема размена на нежности и блискост со партнерката.

najdobrata-seks-poza-za-sekoj-mazh-zavisno-od-nadarenosta-04.jpg

За оние со поголема дебелина

Женскиот полов орган многу полесно се приспособува на должината отколку на дебелината, па често е потребно да се користи лубрикант за полесна пенетрација.

За мажите што имаат „подебел“ полов орган од просечниот најдобра секс-поза е „мисионерската“, затоа што ѝ дозволува на партнерката повеќе да ги рашири нозете и да спречи иритација на грлото на матката.

najdobrata-seks-poza-za-sekoj-mazh-zavisno-od-nadarenosta-05.jpg

За оние „потенките“

Некои мажи не само што се опседнуваат со големината, туку и со дебелината. Доколку сметате дека спаѓате во категоријата мажи со „потенок“ полов орган од просечниот, за вас најдобри се оние секс-пози во кои партнерката е со споени нозе.

Таква е на пример, секс-позата „лажица“.

najdobrata-seks-poza-za-sekoj-mazh-zavisno-od-nadarenosta-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg