"Можеби" и "убаво"

mozebi-i-ubavo-povekjeЕдна од најчестите пораки кои девојката ги добива по еден од првите состаноци е нешто во стилот: „Сношти ми беше убаво со тебе. Можеби би...


...требало наскоро повторно да се видиме
“.

За мажот тоа е кратка и многу јасна порака, но девојката која ја прима може да помисли на иљада прашања и различни теории.

На што мислат девојките?

mozebi-i-ubavo

Неа сношти и беше супер. Но, кога во поракате ќе види „убаво“, таа ќе помисли дека нему не му било толку убаво.

Потоа, тука е она „можеби“ – што мисли тој со тоа „можеби“? Зошто не рече нешто како „Тоа би требало да го повториме, без можеби“? „Можеби“ веројатно значи дека не е сигурен дека сака повторно да се видите.

Колку повеќе размислува за таа порака, на девојката сè повеќе и се чини дека тој баш и не е заинтересиран за неа.

Кој знае, можеби му било и одвратно?! Само, ете тој е учтив и не сака тоа да и го каже, тој е фино момче и не сака да ја повреди. И како некому да му кажеш дека вечерта со него ти била катастрофа, а при тоа да не го повредиш?

Каков ужас. Така фино момче, но ете, таа воопшто не му се допаѓа.

Драги дами, ако вие размислувате на ваков начин...немојте!

Кога ќе ви стигне ваква порака, тоа значи дека момчето од кого сте ја примиле навистина убаво си поминал со вас и дека навистина, баш навистина би сакал повторно да ве види, по можност што поскоро. Ако не му с едопаднавте, не би ви пратил таква порака. Туку каква?

Одговорот е едноставен: никаква.

Момчето кому не му се допаднавте во најголем број случаи ќе ви прати порака од типот: „Благодарам за одвоеното време, но јас не би го продолжил нашето познанство“. Нивната тактика е многу поедноставна – веднаш го завршуваат познанството, без понатамошна комуникација.

Значи, кога ќе добиете порака каква што опишавме на почетокот од текстот, израдувајте се (ако ви е убаво со него) и планирајте го следното видување.

Би можело да ве интересира:

Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg