Разочарани од партнерот

razocarani-od-partnerot-povekjeНе е реткост од партнерот или партнерката да очекуваме нешто што тие не се и поради тоа да се разочараме. По правило, за тоа го обвинуваме...


...партнерот, или партнерката, наместо да сфатиме дека ни биле погрешни очекувањата.

Примери има многу и се движат од ситни, како што е не изнесување на ѓубрето без претходна опомена, не донесување на цвеќе, купување на некои гаџети кога сметаме дека нов модел на блендер би било покорисно, преку купувањето на уште еден пар чевли, до прилично крупни како што е немање желба да се имаат деца.

Кога такво нешто ќе се случи, се чувствуваме разочарано и за тоа чувство го обвинуваме партнерот. Тоа е погрешно.

razocarani-od-partnerot

Зошто е погрешно? Затоа што партнерот, или партнерката сме ги пронашле во согласност со сопствената личност.

Грешка е од нив да очекуваме да се однесуваат како нешто што не се. Можеби нам не ни се допаѓа некоја нивна особина, можеби сакаме да се сменат, но погрешно е да ги обвинуваме нив за тоа што сме разочарани, па тие се однесуваат исто откако сме ги запознале.

Причината за разочарувањето е во нас самите, во нашите очекувања.

Секако можеме да ги замолиме да сменат нешто што ни пречи, но треба да бидеме подготвени дека тие ќе не одбијат, затоа што луѓето многу бавно и во главно тешко се менуваат.

Реченицата: „Ако ме сакаш, ќе се смениш“, не е фер, а сè што ќе постигнете е партнерот или партнерката да се почувствува дека не е доволно добар/добра за вас, дека не ги сакате такви кави што се.

Што ако тие нивни особини навистина ви пречат? Размислете дали се работи за нешто на што можете да се навикнете и со кое можете да живеете.

Ако одговорот е потврден, навикнете се на тие работи. Ако е одречен и вашиот партнер или партнерка не се подготвени да се менуваат, посакајте им се најдобро и продолжете по својот пат.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg