10 вообичаени грешки при употреба на кондоми – Ги правите ли и вие?

Кондомите во паричникот треба да се менуваат најмалку еднаш месечно, пред употреба задолжително треба да се провери рокот на траење, а никако не смее да се отвораат со заби. Кои се најчестите грешки што се прават при употреба на кондоми?

10-voobichaeni-greshki-pri-upotreba-na-kondomi-gi-pravite-li-i-vie-01.jpg

Кондомите имаат основна функција да ве заштитат од полово преносливи болести и од несакана бременост.

Иако честопати се напоменува само нивната функција во спречувањето на бременоста, многумина забораваат дека постојат и полово преносливи болести на кои исто така треба да внимаваат.

Правилната употреба на презервативите е незгодна тема низ која секој родител во еден период од животот ќе треба да ја помине.

Во продолжение да проследиме 10 типични грешки што можеби ги правите во употребата на презервативите за кои можеби не сте свесни, а кои може да си ја влошите здравствената состојба и кои секако, како родител еден ден треба да му ги објасните и на вашето дете.

Не проверувате дали пакетчето со кондомите е оштетено

Кондомите може многу лесно да се оштетат. Освен што може да се скинат или да пукнат, ако ги носите во паричникот или во џебот може да бидат изложени на топлина заради што ќе се оштетат и веќе нема да бидат ефективни.

Доколку носите кондоми во паричникот, бидете сигурни дека ќе ги менувате барем еднаш месечно.

Не го проверувате датумот на траење

Сите кондоми имаат датум на траење на опаковката. Доколку се со поминат рок, кондомите не треба да се употребуваат.

10-voobichaeni-greshki-pri-upotreba-na-kondomi-gi-pravite-li-i-vie-02.jpg

Внимавајте како ги отворате

Кондомите се отвораат на „назабениот“ дел од опаковката. Немојте да ги кинете со заби, ниту пак да користите ножички или други остри предмети.

Го ставате кондомот откако сексуалниот однос започнал

Кондомите не штитат само од бременост туку и од полово преносливи болести. Истовремено доколку ставате кондом само пред ејакулација тоа не значи дека сте заштитени од несакана бременост, затоа што можно е веќе да дошло до исфрлање на семена течност.

10-voobichaeni-greshki-pri-upotreba-na-kondomi-gi-pravite-li-i-vie-05.jpg

Не го задржувате врвот додека го ставате кондомот

Кога ставате кондом, неодпходно е да го задржите врвот за да се ослободите од несаканиот воздух. Ако не го направите тоа, може да дојде до пукање.

Сте го ставиле кондомот од погрешната страна, па сте го превртеле

Ако ви се случила таква незгода, неопходно е веднаш да земете нов кондом. Во спротивно го изложувате партнерот на опасност од полово пренослива болест (што можеби ја имате, а не знаете) и несакана бременост.

10-voobichaeni-greshki-pri-upotreba-na-kondomi-gi-pravite-li-i-vie-06.jpg

Користење ист кондом повеќепати

Еден кондом се користи само за еден сексуален однос. Никогаш немојте да го користите истиот кондом двапати, затоа што на тој начин тој нема да има никаков ефект. Дополнително големи се шансите да ви се лизне и да ви падне или да се истури семена течност.

Користите маслени лубриканти со кондоми

Ако користите лубрикант бидете сигурни дека тој е на база на вода. Маслените лубриканти (вазелин, лосион и сл.) може да го оштетат кондомот и да направат да пукне.

10-voobichaeni-greshki-pri-upotreba-na-kondomi-gi-pravite-li-i-vie-04.jpg

Не го задржувате кондомот по завршувањето на сексуалниот чин

Доколку не го задржувате кондомот при вадење на пенисот по завршување на сексуалниот чин ризикувате тој да се лизне. Секогаш со прстите нежно задржете го кондомот на краевите за да спречите несакана бременост или полово преносливи болести.

Користење два кондоми

Употребата на два кондоми истовремено нема да обезбеди поголема заштита. Напротив, заради триењето може да дојде до пукање и оштетување.

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Гледам порно филмови - како ми влијае тоа на бракот?“ (18+) „Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, од пред извесен период почнав да гл...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Бизарни љубовни совети за да се омажите од 90-тите (кои ѝ помогнале на Викторија Бекам да го „улови“... „Ставете кармин дури и кога одите на трчање. Ако имате голем нос, оперирајте го“...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg