Мажите се секогаш спремни за секс и уште 5 митови во кои залудно верувате (18+)

Лагите кои станаа вистини односно „урбани легенди“, се всушност погрешни предрасуди за разликите во сексуалноста помеѓу жените и мажите. Тие станаа толку многубројни што неретко се пречка за уживање во сексот и ослободување на сите инхибиции.

Mitovi-koi-sto-go-unistuvaat-seksot-01.jpg

Па кои се најчестите сексуални митови во кои луѓето сè уште упорно веруваат?

Мажите имаат посилно либидо

Едно популарно убедување е дека мажите и жените се целосни спротивности кога станува збор за сексот.

Многумина од нас сè уште веруваат дека мажите имаат посилно либидо и биолошки се „создадени“ да уживаат повеќе во сексот. Тоа е секако, чиста и неоснована глупост.

Либидото е субјективна категорија, а не полова. Сексуалната желба е условена од средината во којашто се наоѓаме, соодветниот партнер и слично.

На жените им е полесно да останат верни

И ова е многу вообичаен мит, а се заснова на слична теза – дека на мажите им е потребен повеќе секс, па не може да им одолеат на искушенијата.

Голем број истражувања сугерираат дека жените во долги врски ја губат сексуалната желба за партнерот, а не за сексот, што сугерира дека верноста може да им биде уште потешка, а не полесна како што многумина мислат.

Мажите повеќе уживаат во сексот

Поголемиот дел од луѓето се убедени дека способноста на жената за сексуално задоволство е помала од машката, но тоа секако не е вистина.

Задоволството, исто како и либидото, е субјективна категорија и не зависи од полот на човекот, туку од неговите желби, начинот на изразување на сексуалноста итн. ѓ

Женското тело не е „покомплицирано“ од машкото. Жените и мажите можат подеднакво да доживеат оргазам доколку мастурбираат.

За жените, мастурбацијата е сексуална активност број еден кога станува збор за доживување на оргазам. На второ место е партнерот кој со прстите им го стимулира клиторисот, па орален секс и на крајот самата пенетрација.

Во целата ситуација не помага фактот што мажите недоволно му се посветуваат на клиторисот, а на повеќето жени им е потребна многу подиректна стимулација на тој орган за да доживеат оргазам.

Неверојатно е што целата структура на клиторисот е правилно откриена и објавена дури во 2005 година.

Мажите повеќе иницираат секс

Низ историјата, преовладува идејата дека мажите се иницијатори, а жените се тие кои ја прифаќаат или отфрлаат играта. Ова не е вистина.

Истражувањата околу сексот забележале променлив тренд, односно жените иницираат секс исто толку често како и мажите. Исто така, еден од полошите митови е дека мажите се секогаш „подготвени за секс“. Тоа секако, не е вистина. Тие не се на копче, исто како и жените.

Мажите се под поголем притисок да имаат добар секс

Мажите најчесто имаат притисок да се покажат одлично во креветот, а овој момент воопшто не им оди во полза. Но, не се единствените кои се соочуваат со овој тип на притисоци.

Жените, исто така, сакаат да изгледаат како „добар сексуален партнер“ до тој степен што ќе одглумат оргазам.

Проблемот е што лажниот оргазам создава илузија дека жените се задоволени. Исто така, побрзо се шири митот дека повеќето жени можат да достигнат кулминација само преку пенетрација.

Пријателите имаат повеќе секс од вас

Еден од најчестите митови е дека луѓето имаат секс во просек трипати неделно и токму тоа е препорачаната „доза“ на секс за секого.

Вистината е дека секој пар е различен и тоа што за некои е премалку, за други е премногу, и обратно. И нема потреба од споредби и притисок на оваа тема.

Паровите кои имале секс почесто, односно повеќе од 3 пати неделно, не значи и дека се нужно посреќни, што е доказ дека повеќе сме опседнати со бројките отколку сопственото и задоволството на партнерот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg