Жена (45) со исповед: „Мастурбирам секој ден и покрај редовниот секс – зошто тоа ме прави среќна?“

„Имам редовен секс со партнерот, но со оглед на тоа што имам силно либидо, секогаш сакам уште. Мастурбирањето за време на циклус ми помага за олеснување на болките, а дополнително ми помага и за да се ослободам од анксиозноста“ – 45-годишна жена говори за теми што за многумина се табу.

zhena-45-so-ispoved-masturbiram-sekoj-den-i-pokraj-redovniot-seks-zoshto-toa-me-pravi-srekjna01.jpg

Шарин Фејфер (45) за магазинот She Knows напиша еден поголем текст во кој говори за тоа како секојдневната мастурбација ѝ помогнала да си го промени и да си го подобри секојдневниот живот.

Таа признава дека има редовен секс со партнерот, но нема намера да се откаже и од мастурбирањето. Зошто?

Проследете го нејзиниот текст во целост:

„Не ми е срам да признаам дека мастурбирам или пак да зборувам за она што ми се допаѓа во сексот, без разлика дали станува збор за порно филм, секс играчки или говор.

Сосема е нормално да имате време посветено за себе, колку што вие сакате. Најважно е дека вие си давате време за да му дадете приоритет на сопственото задоволство и да се чувствувате добро.

Кога станав сексуално активна, брзо сфатив дека единствената личност што е одговорна за моето задоволство сум јас самата.

Секако уживав во тоа што го правеле партнерите, како и во тоа да разговарам за тоа што прави или не прави да се чувствувам добро, но јас самата бев задолжена за тоа да доживеам оргазам.

Се чувствувам моќно кога знам дека можам самата себеси да си пружам задоволство без да ризикувам полово преносливи болести, несакана бременост или пак да го трпам притисокот од друга личност.

Секој има различен начин во водењето љубов. Јас сакам нештата да почнат бавно. Понекогаш ме водат сексуалните фантазии, а понекогаш гледам филмови за возрасни.

Понекогаш користам и секс играчки.

zhena-45-so-ispoved-imam-redoven-seks-so-partner-no-i-masturbiram-sekoj-den-zoshto-toa-me-pravi-srekjna-02.jpg

Воопшто не зачудува тоа што редовно мастурбирам, затоа што тоа ми носи позитивни чувства, а верувам дека редовните оргазми прават чудо за моето здравје.

Кои се позитивните ефекти што ги почувствував?

Имам редовен секс со партнерот, но со оглед на тоа што имам силно либидо, секогаш сакам уште.

Со помош на мастурбацијата успевам да се ослободам од целата насобрана тензија. Се чувствувам моќно затоа што сама можам да си пружам задоволство и да се ослободам од насобраната негативна енергија.

Во минатото страдав од анксиозност, а ниту еден лек што ми го препишале лекарите не ми помогнал подобро во тоа да се смирам од моментот кога мастурбирам.

Имам проблеми со несоница, па во минатото бев среќна ако успеев да спијам по шест часа, а сега практикувам да мастурбирам пред спиење, па успевам да спијам по цели осум часа.

За време на менструацијата имам страшни болки, но и неверојатна желба за секс. Од моето искуство, мастурбирањето за време на циклус ми помага за олеснување на болките.“

 Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава