Исповед: „Маж ми носи непознати мажи дома и ме тера да имам секс со нив“ (18+)

„Првиот пат прифатив само затоа што сакав мојот сопруг да биде среќен. Мислев дека ќе се случи само еднаш, но сега бара да имам секс со други мажи неколкупати неделно“ – тврди оваа жена која бара совет за тоа како да се справи со необичните сексуални навики на нејзиниот сопруг.

ispoved-na-zhena-soprugot-nosi-nepoznati-mazhi-doma-i-me-tera-da-imam-seks-so-niv-shto-da-pravam-01.jpg

Понекогаш вистинските приказни на луѓето премногу потсетуваат на приказните во некои од познатите романи, а така оваа анонимна жена испрати писмо до уредничка од британскиот весник The Sun, Дидре и бара помош за тоа како да се справи со необичните сексуални желби на нејзиниот сопруг, што нејзе воопшто не ѝ се допаѓаат.

Нејзиното писмо ви го пренесуваме во целост:

„Мојот сопруг во последно време сексуално се возбудува само ако ме гледа како имам секс со непознат маж.

Тој има 37 години и никогаш не му било проблем ако сакам да спијам со други мажи, но дојдовме до фаза кога повеќе не ми се допаѓа тоа што ми го прави.

Јас имам 29 години и имаме добар сексуален живот, но воопшто немав искуство кога се запознавме.

Мојот сопруг тогаш почна да бара од мене да користиме секс играчки и сакаше да ме врзува.

Потоа донесе еден маж во нашиот дом и побара да имам секс со него. Прифатив само затоа што сакав мојот сопруг да биде среќен.

Мислев дека тоа ќе се случи само еднаш, но сега бара да имам секс со други (непознати) мажи неколкупати неделно.

Тој е член на вебстрана на интернет каде има мажи што би сакале да имаат секс со кого било.

Се чувствувам како проститутка“.

Дидре ѝ дава краток одговор, во кој посочува дека таа треба јасно да стави граници за тоа што прифаќа, а што не прифаќа во сексот.

„Некои луѓе уживаат во ваков сексуален живот, но очигледно е дека тебе тоа не ти се допаѓа.

Никогаш не треба да се чувствуваш под притисок дека мора да направиш нешто што не ти се допаѓа во сексуалниот живот.

Обиди се јасно и гласно да му кажеш како се чувствуваш, дека тој го загрозува твоето здравје и дека не прифаќаш таков вид секс“ – вели Дидре.

Што мислите вие? Што треба да направи оваа жена?

Дали е доволно само да му даде до знаење дека не сака таков вид секс и дали воопшто е во ред да прифаќате ситуации во кои не се чувствувате добро само за да го направите партнерот среќен?

Дали тоа што првиот пат прифатила да има секс со непознат маж е доволна причина за тој и понатаму да бара од неа да спие со други мажи?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg