„Никогаш не се пресоблекувам пред маж ми и тоа ни ја одржува искрата во бракот - ниту се бричам, ниту испуштам гасови“

„Зошто мажот да ве гледа како се обидувате да се пикнете во тесните фармерки или како чепкате нос, седите на шолја или си ги бричите нозете? Наречете ме старомодна, јас сметам дека треба да внимавате на однесувањето за да ја задржите дозата на мистерија и сексуална привлечност во бракот.“

vo-brak-sum-13-godini-nikogash-ne-se-presoblekuvam-pred-mazh-mi-i-toa-ni-ja-odrzhuva-iskrata-02.jpg

Линда Робсон е англиска актерка и презентерка, која е 13 години во брак и вели дека никогаш не се пресоблекува пред својот сопруг и дека токму тоа е тајната на нивниот брак.

Таа вели дека за да облече пижами оди во тоалет и потоа се враќа облечена, па си легнува. Исто така, не му дозволува на сопругот да влезе во тоалет додека ја вади шминката од лицето или уште полошо додека е на шолја.

vo-brak-sum-13-godini-nikogash-ne-se-presoblekuvam-pred-mazh-mi-i-toa-ni-ja-odrzhuva-iskrata-03.jpgЛинда Робсон 

Што мислите дали оваа навика е правилна?

Новинарката Џули Кук за британскиот магазин Metro пишува на темата и вели дека многу нејзини пријателки ги откриваат своите „мали тајни“ пред сопрузите, па ги бричат нозете пред нив, седат на тоалетната школка и слично.

Таа вели дека Линда е во право и дека вака се губи магијата во бракот.

Истото вели дека се однесува и на испуштање гасови, чепкање на носот, стискање акни и други потези кои треба да останат зад затворени врати.

vo-brak-sum-13-godini-nikogash-ne-se-presoblekuvam-pred-mazh-mi-i-toa-ni-ja-odrzhuva-iskrata-01.jpgЏули Кук 

„Како после ова тие жени да бидат атрактивни за своите партнери, како да нема афери?

Во бракот мора да се сочува дозата на мистерија, среде здодевноста на секојдневната рутина и чистење и кариери и деца.

Не ми се допаѓа ставот дека пред мажите треба да бидеме тоа што сме, тоа е убиец на страста.

Зошто мажот да ве гледа како се обидувате да се пикнете во тесните фармерки?

Премногу жени денес доаѓаат дома од работа, го фрлаат градникот, облекуваат развлечена неуредна облека и легнуваат на каучот.

Тие ја оставаат отворена вратата кога одат во тоалет.

Наречете ме старомодна, но и јас како Линда, сметам дека треба да одите во друга просторија да се преоблечете за да ја задржите дозата на мистерија и сексуална привлечност во бракот.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава