Што е „принцеза синдром“ во сексот? (18+)

Надвор од спалната соба „принцеза синдромот“ може да значи партнерот да ви придржува врата и да ве разгалува со внимание, но во спалната соба, односно кога станува збор за сексот, тоа се поврзува со улоги.

shto-e-princeza-sindrom-vo-seksot-18-01.jpg

Сите како деца сме гледале бајки за тоа како убавите принцези се спасувани од страна на прекрасен принц, но како возрасни гледањето на овие приказни го перципираме малку покомплексно.

За некои уште изгледа романтично, но за други е сексистичко и навредливо за женскиот пол.

Сепак, за голем дел од жените идејата да бидат третирани како принцези е возбудлива.

Па, така ако имате „принцеза синдром“, тогаш вие уживате во тоа партнерот да ја има контролата и да му дозволите да прави сè за вас.

shto-e-princeza-sindrom-vo-seksot-18-02.jpg

Надвор од спалната соба тоа може да значи партнерот да ви придржува врата и да ве разгалува со внимание, но во спалната соба, односно кога станува збор за сексот, тоа се поврзува со улоги и ако двете страни се согласни жената има понизна улога, односно улога на „потчинета“.

Фразата не треба да се меша со фразата „перница принцеза“, која посочува на партнер кој е мрзелив во креветот и не вложува напор.

shto-e-princeza-sindrom-vo-seksot-18-03.jpg

Секс експертот Нес Купер вели дека „принцеза синдромот“ може да постои на различен начин во различен тип на врски, но секако се однесува на балансот на моќта и кој ја води динамиката во сексот.

„Поделбата на моќта помеѓу принцезата и нејзиниот принц може да биде комплексна и уникатна само за нив, а терминот принцеза во спалната соба ги возбудува некои луѓе затоа што прави моментот да биде уште поеротски и асоцира на нешто возбудливо и има доза на невиност во него.

Од друга страна мажите сакаат да бидат принцови, односно да бидат одговорни за својата сакана.

Се разбира, сето ова е со согласност на двајцата, во спротивно може да биде прифатено како навредливо“, вели Нес Купер.

shto-e-princeza-sindrom-vo-seksot-18-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg