Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+)

Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе, сексот „набрзина“ е одлична опција.

soveti-za-parovi-so-deca-kako-da-najdete-vreme-i-energija-za-seks-01.jpg

Д-р Дарен Гурни е клинички психолог и секс експерт. Таа има 20-годишно искуство со парови кои пробуваат да си го подобрат сексуалниот живот и врската воопшто, а има издадено и книга наменета за родители.

Во книгата, докторката нуди совети за паровите кои поради децата, тешко наоѓаат време еден за друг, а поради ова страда нивниот сексуален живот.

Дарен смета дека имањето деца не мора да го уништи сексуалниот живот, сè додека паровите следат некои совети.

Дел од советите што докторката ги споделува во книгата:

Не се споредувајте со други парови

Ова е грешка што ја прават сите парови, без разлика дали имаат или немаат деца.

Дарен истакнува дека не е важно колку често имате секс, туку колку е добар сексот што го имате со партнерот.

„Имањето секс еднаш годишно кој прави да се чувствувате посебно е подобар од секс секоја недела во кој нема никаква поврзаност помеѓу партнерите“.

Користете ја секоја можност за страстен бакнеж

Дарен советува да не заборавите на разменувањето нежности како да го допрете партнерот додека правите вечера, да споделите страстен бакнеж пред да одите на работа, па дури и само да лежите голи во кревет.

Со текот на времето, нормално е да имате помалку секс отколку на почетокот на врската, но важно е да ја задржите интимноста.

„Можете да пробате експеримент. На пример, секојпат кога вие или партнерот излегувате од дома, одвојте време за долг, страстен бакнеж. Правете го ова еден месец и ќе ја видите разликата“.

soveti-za-roditeli-kako-da-najdete-vreme-i-energija-za-seks05.jpg

Разговарајте за секс со партнерот

Доколку ви е непријатно да зборувате за секс со партнерот, најпрво запрашајте се како разговарате за која било друга тема.

Дали партнерот ве слуша? Дали имате проблем да спомнете некоја поризична тема? Дали се почитувате еден со друг?

Пробајте секој ден да одвоите пет до десет минути да разговарате и вистински да се слушате. Кога ќе ја подобрите комуникацијата, ќе ја зголемите интимноста и разговорите за секс ќе ви станат пријатни.

soveti-za-roditeli-kako-da-najdete-vreme-i-energija-za-seks04.jpg

Што ако едниот партнер не сака секс?

Нема секогаш и двајцата да сакате секс во исто време, и тоа е сосема нормално. Но, важно е како реагирате во ваквите ситуации.

Ако партнерот иницира секс, а вие не сте расположени, немојте да го одбивате грубо. Внимателно кажете му дека сега не е добар момент и објаснете му зошто.

На овој начин нема да ги повредите чувствата на партнерот.

Ако ситуацијата е обратна и партнерот не сака секс, пробајте да покажете разбирање, а не да се лутите.

А, доколку често сте одбивани, тогаш смирено разговарајте за да ја најдете причината.

Делете ги домашните обврски

Во повеќето семејства, и денес обврските низ домот се товар на жената, дури и кога таа е вработена како партнерот.

Со текот на времето, ова може да предизвика незадоволство и гнев и, секако, да има влијание врз сексуалниот живот.

„Многу жени ми кажуваат дека кога почнале да живеат со партнерот, домашните обврски им биле поделени, но кога добиле деца, тоа се променило“, вели докторката.

Детето има двајца родители кои треба подеднакво да се грижат.

Ако мајката треба да мисли на секоја ситница и за домот и за детето, нормално дека на крај ќе нема никаква желба за секс.

soveti-za-roditeli-kako-da-najdete-vreme-i-energija-za-seks02.jpg

Што ако никогаш не сте сами дома?

Ова е ситуација во која се наоѓаат многу родители и претставува проблем кога децата се поголеми, на пример тинејџери.

Обично тинејџерите не си легнуваат рано, па на родителите не им останува време навечер. Докторката советува во овој случај, можеби треба да имате секс наутро.

Станете порано пред да одите на работа и сигурно и на двајцата ќе ви се подобри расположението уште наутро.

Имајте секс „набрзина“

Кога сте преплавени со обврски околу децата, кога сте изморени од работа и кога имате куп други грижи и проблеми, секако дека нема да помислите да поминувате многу време во спалната соба.

Поради ова, докторката советува да му дадете предност на сексот „набрзина“.

„Понекогаш, ова е единствената опција за родителите. Во овој случај можеби ќе треба да се подготвите однапред за да се возбудите – на пример, фантазирајте за партнерот додека си одите кон дома од работа“, вели таа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg