Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+)

По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви каже да преспиете во неговиот дом. Ако имате долги нокти бидете внимателни да не го повредите партнерот... Сексот повеќе не е табу-тема за жените, а секоја културна жена треба да знае и да се придржува до некои важни правила. Кои се тие?

bon-ton-pravila-vo-seksot-shto-sekoja-kulturna-zhena-treba-da-gi-znae-18-01.jpg

Ако во минатото сексот беше табу-тема за жените, денешните модерни и еманципирани жени воопшто не се срамат отворено да разговараат за тоа што им се допаѓа и што не им се допаѓа, а постојат повеќе непишани правила на добро однесување што треба да им бидат познати на сите.

Одамна помина времето кога жената требаше да биде потчинета во врска и во бракот, а сексот беше класична машка тема.

Денес, секој очекува и жените, како и мажите, да бидат доволно информирани и да знаат сѐ за сопственото тело, но и за самиот интимен чин.

Кои бон-тон правила во сексот секоја културна жена треба да ги знае?

Бидете информирани

Обидете се да научите што е можно повеќе за самиот сексуален чин. Ниту еден маж не сака да биде со партнерка на која треба да ѝ објаснува што се случува за време на сексот.

Секоја културна жена знае доволно за сексот и знае што е она што сака, а што не сака да прави.

Контрацепцијата не е само машки проблем

Девојките, исто како и машките, треба да бидат свесни за последиците од небезбедниот секс, и да инсистираат на користење контрацепција или да носат со себе презервативи.

Секогаш е подобро да се заштитите од полово преносливи болести и несакана бременост, отколку да треба да се лекувате, а тоа дека партнерот заборавил да купи кондоми не е изговор.

bon-ton-pravila-vo-seksot-shto-sekoja-kulturna-zhena-treba-da-gi-znae-18-02.jpg

Внимавајте на лошиот здив

Пред да излезете на средба со партнерот, добро е со себе да имате мастика за џвакање или бонбони за да го освежите здивот.

Интимна хигиена

Секоја културна жена знае дека треба да води сметка за интимната хигиена. Тоа не значи дека треба секоја недела да одите на целосна депилација, но добро е да се трудите колку е можно повеќе да бидете средени.

bon-ton-pravila-vo-seksot-shto-sekoja-kulturna-zhena-treba-da-gi-znae-18-04.jpg

Не глумете оргазам

Без разлика кои се причините заради кои глумите оргазам, обидете се тоа да не го правите постојано. Верувајте, партнерот знае кога навистина уживате, а кога глумите.

Кажете отворено што не ви се допаѓа

Потрудете се да бидете отворени со партнерот. Комуникацијата е мошне важна и добро е отворено да зборувате за сѐ што ви се допаѓа или не ви се допаѓа, затоа што никој не сака само да погодува каде згрешил.

bon-ton-pravila-vo-seksot-shto-sekoja-kulturna-zhena-treba-da-gi-znae-18-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg