Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката?

Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе причинители. Болниот сексуален однос не е невообичаен проблем, па постојат одредени совети кои може да ви помогнат да уживате повеќе.

shto-go-predizvikuva-bolniot-seks-i-soveti-kako-da-ja-namalite-bolkata-01.jpg

Сексуалниот чин би требало да причинува задоволство, но некои личности наместо да уживаат, искусуваат болка. Болниот секс, познат и како диспареунија, е состојба која се карактеризира со постојана болка при пенетрација.

Болката може да се почувствува длабоко во внатрешноста или долниот дел од стомакот. Кај некои жени ова трае кратки периоди, додека некои се соочуваат подолго со оваа состојба. Во секој случај, болниот однос не е невообичаен проблем.

Доктор Шашидар Б ги открива причините за болниот секс и како може да ја намалите болката.

Дали сексот може да биде болен и кај мажите?

Одговорот е да. Сексот може да биде болен од повеќе причини, а овој проблем може да го имаат и мажите и жените.

Фимозата или затегнатата кожичка се на врвот на листата на причини зошто мажите може да доживеат болен секс.

Други потенцијални причини за болен сексуален однос кај мажите може да бидат болести како херпес, габични инфекции, рани или искривување на пенисот.

shto-go-predizvikuva-bolniot-seks-i-soveti-kako-da-ja-namalite-bolkata-05.jpg

Што предизвикува болен секс кај жените?

Недоволна влажност

Честата причина за болен секс кај жените е поради намалената влажност на вагината, што е резултат на недоволна возбуда. Постојат и некои медицински состојби, но и некои лекови кои можат да предизвикаат сувост.

shto-go-predizvikuva-bolniot-seks-i-soveti-kako-da-ja-namalite-bolkata-02.jpg

Вагинизам

Вагинизмот е страв од болка при сексуален однос. Некои жени може да се плашат дека односот ќе им предизвика болка, крвавење или рани, а како резултат на тоа се обидуваат да се воздржат од сексуална активност.

shto-go-predizvikuva-bolniot-seks-i-soveti-kako-da-ja-namalite-bolkata-03.jpg

Менопауза

Во фазата на менопауза, жените минуваат низ хормонални флуктуации. Ова може да доведе до сува вагина, што ја прави болна пенетрацијата.

shto-go-predizvikuva-bolniot-seks-i-soveti-kako-da-ja-namalite-bolkata-04.jpg

Други состојби

Други состојби кои може да придонесат за сексуална болка кај жените се следниве:

  • Улцерозни лезии
  • Инфекции
  • Воспаление (како што е вулвовагинитис)

shto-go-predizvikuva-bolniot-seks-i-soveti-kako-da-ja-namalite-bolkata-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg