5 типови „кретени“ за кои лудуваат жените

5-tipovi-kreteni-za-koi-luduvaat-zenite-povekjeЖените имаат чуден начин на кој реагираат на нештата. Дури и оние момци кои се „навистина добри“ го немаат она нешто за да бидат доволни. Кои се тие...


...мажи со кои „никогаш нема да бидете среќни“, а сепак трчате по нив?

Ова се 5 типови на кои жените паѓаат, а секогаш е подобро да ги заобиколите:

5-tipovi-kreteni-za-koi-luduvaat-zenite

1. „Лош дечко“. Од сите типови мажи, на овие е најтешко да се одолее. Недопирливи се, често менуваат девојки, никако да се приберат. Стилот на живот им е поприлично бурен и со нив никогаш не е здодевно. Ги поседуваат сите спротивности на „добрите“ момци или како уште некои ги нарекуваат „папучарите“ и можеби со нив ќе ви биде интересно, но зошто ви е потребно ова кога на крајот пак ќе ве зезнат?

2. Оженети мажи. Жените кои се плеткаат со оженети момци веројатно ќе се тешат со мислата дека тие не се задоволни во бракот или се пред развод, па на крајот на краиштата тој е тој кој изневерува. Ништо од ова не е важно затоа што веројатноста дека ќе ја остави жената е минимална. А, и ако ја остави кој ви гарантира дека нема да го направи истото и со вас.

3. Љубовник на далечина. Некои типови мажи сакаат да функционираат на далечина. Не велиме дека оваа врска не успева, но ако љубовникот ви живее во друг град или земја и во ниеден момент не сака да ви се приближи, пуштете го да остане таму кај што е, а вие продолжете понатаму.

4. Емотивно недостапен маж. Многу жени паѓаат на овој маж затоа што ја преземаат улогата на негова спасителка т.е. мајка, но тој не сака да биде спасен. Нему му е убаво, но вам нема да ви биде.

5. Маж кој има фобија од врски. Овој тип е алергичен на обврски. Не станува збор за маж кој сака да биде со жени само за една ноќ, туку овој може да има врска со години но никогаш нема да направи чекор напред затоа што тој не го сака тоа. Нема потреба да го терате со сила. Откажете се!

Би можело да ве интересира:

Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg