4-годишно девојче од Тетово е мала модна икона на Инстаграм (фото)
„Се трудам да живее како во сликовниците кои ѝ ги читаме, па така ѝ го водам и нејзиниот Инстаграм профил“, вели Ивона Пауновска за CRNOBELO.com, мајката на малата модна икона Леа.
Леа Пауновска e 4-годишно девојче, родено во Скопје, кое живее во Тетово и е вистинска мала модна икона на Инстаграм.
Нејзиниот профил го води нејзината мајка Ивона Пауновска, уште откако е родена Леа.
На Ивона ѝ претставувало вистинско задоволство да ја фотографира Леа, па оттаму дошла и идејата за посебен Инстаграм профил за неа.
Ивона за својата ќеркичка за CRNOBELO.com вели:
„Се трудам да живее како во сликовниците кои ѝ ги читаме, па така ѝ го водам и нејзиниот профил кој е концентриран на Леа во друштво со нејзината најдобра другарка Ева и нивните детски фантазии.
Во профилот не учествуваме ние како родители на фотографиите, само на последните фотографии Леа е во друштво со нејзината помалечка сестра.
Леа е премногу внимателна кога станува збор за сликање, па така некои од комбинациите ѝ се направени по нејзин избор.
Кога беше помалечка уживаше во тоа кога ќе ѝ се каже дека треба да се направаат неколку фотографии, а во последно време дури и сама ме потсетува да направиме некои комбинации од облека за на Инстаграм.
Покрај во позирањето, Леа ужива и во музиката, поточно во италијанската музика“ а омилени ѝ се две песни „Bella ciao“ и „Sara perche ti amo“...“
Повеќе фотографии од Леа:
Повеќе фотографии на следната страна...
Би можело да ве интересира:


