Даниела Ѓуровска е една од најдоброоблечените трудници во Македонија (фото)

„Бременоста ми е ролеркостер од нови емоции, многу апетит, поразлично самоосознавање, плус 20 килограми и нов стил. Најмногу од сè ми недостасуваат фармерките, имам два пара од оние за трудници и не ги облеков ниту еднаш. Решив дека ќе облечам фармерки кога ќе можам да влезам во старите, барем 36-ка“, вели Даниела Ѓуровска (28), која е една од најдоброоблечените трудници во Македонија.

daniela-e-edna-od-najdobrooblechenite-trudnici-vo-makedonija-foto-01.jpg

Даниела Ѓуровска (28) живее во Скопје, а по професија е маркетинг менаџер во Fashion Group, иако има студирано дизајн.

Љубовта кон модата направила на својот Инстаграм профил да има повеќе од 11.000 следбеници, со кои постојано ги споделува своите модни комбинации, а периодов тие се труднички.

daniela-e-edna-od-najdobrooblechenite-trudnici-vo-makedonija-foto-03.jpg

Даниела дефинтивно е една од најдоброоблечените трудници во Македонија.

Во однос на тоа како се чувствува во овој период од животот и кои се нејзините модни избори, Даниела открива за CRNOBELO.com:

„Мислам дека никогаш не ми било поголем предизвик да опишам како се чувствувам, па накратко би рекла ролеркостер од нови емоции, многу апетит, поразлично самоосознавање, плус 20 килограми и нов стил.

Неблагодарно е да речам дека ми е тешко, за среќа имам лесна бременост, секако со сите предизвици што ги носи истата, но освен плус килограмите, на кои не сум навикната, немам други тешкотии.

Емоциите и апетитот се трудам да ги држам во нормала и кога станува збор за стилот, да го прилагодам на оваа фаза од животот, за мене, најубавата.

Фустаните што беа во мал процент застапени во мојот гардеробер сега се на прво место, особено оние со многу еластин, па се тешам дека сè уште сум величина S.

Овој период, првиот избор ми се удобните патики, но секако, иако прагот на издржливост е помал, кога имам можност секогаш одбирам високи потпетици.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Предлог комбинации со бели фармерки, идеални за студените месеци (фото) Со морнарско сина боја или со дебел џемпер – белите фармерки се идеални за во зи...
5 тренди пролетни комбинации со бели фармерки (идеални за променливо време) Со џемперче на риги или со кардиган и кломпи – како да ги комбинирате белите фар...
Пет деловни комбинации со фармерки кои се удобни, а изгледаат стилски Темен аутфит со фармерки и мокасини или бели фармерки со кошула и балонер. Те...
Даниела Димитрова е наша модна докторка со дамски, префинет стил и страст за патувања (фото) Д-р Даниела Димитрова е позната по доброто чувство за естетика, а нејзиниот дамс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg