5 тренди пролетни комбинации со бели фармерки (идеални за променливо време)
Со џемперче на риги или со кардиган и кломпи – како да ги комбинирате белите фармерки оваа пролет?

Белите фармерки го имаат својот момент, а ќе бидат сеприсутни и оваа пролет.
Делуваат елегантно и чисто, а поради бојата многу лесно се комбинираат со скоро сè.
Пет предлог комбинации за оваа пролет:
Бели фармерки + тенок џемпер или кардиган во дречлива боја
Белите фармерки се идеална основа за дречливи бои, па ова е комбинација со која нема да погрешите.
Кога е постудено, можете да облечете тенок џемпер, а за променливо време, искомбинирајте ги со кардиган. Под него, пак, можете да облечете бела маичка.

Бели фармерки + кожена јакна + чизмички до глужд
Комбинацијата од бела и кафена или црна е класика. Фармерките, пак, изгледаат одлично со кожена јакна.
Ниските чизмички го комплетираат аутфитот, а се идеални за врнежливите денови.

Бели фармерки + јакна од превртена кожа + патики
Фармерките изгледаат одлично и со јакни од превртена кожа.
Комбинацијата можете да ја дополните со патики, но и со други ниски чевли, како мокасини.

Бели фармерки + џемпер/кардиган со риги + патики или балетанки
Класичната комбинација од фармерки и џемпер е незаменлива.
Белата боја на фармерките и балетаните, пак, додава доза елеганција.

Бели фармерки + кардиган + апостолки/кломпи
Разните модели на влечки ќе бидат хит и оваа пролет, а апостолките и кломпите изгледаат мошне добро во комбинација со бели фармерки.
Во комбинација со едноставна маичка и кардиган, лесно ќе добиете впечатлива и удобна комбинација.

Спирова С. | Црнобело
