Си заминала од Србија во 90-тите, омажена е за британски бизнисмен – Која е Роксанда Илинчиќ, српската дизајнерка што ги облекува славните?

„Кон крајот на 90-тите години немаше греење, па на факултет одев со шише топла вода за да се згреам, а потоа се запишав во Лондон“. Со овие зборови Роксанда Илинчиќ во една пригода го опиша животот во родната Србија пред да одлучи да си замине. Денес, таа е дизајнерка на богатите и славните, но како стасала дотаму?

si-zaminala-od-srbija-vo-90-tite-omazhena-e-za-britanski-bzinismen-koja-e-roksanda-ilinchikj-srpskata-dizajnerka-shto-gi-oblekuva-slavnite-01.jpg

Бијонсе во моментов е на музичка турнеја, а велат дека воопшто не штеди кога станува збор за облеката што ја носи на настапите. Таа неодамна се појави во син фустан од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ, која важи за една од најпознатите дизајнерки во светот.

si-zaminala-od-srbija-vo-90-tite-omazhena-e-za-britanski-bzinismen-koja-e-roksanda-ilinchikj-srpskata-dizajnerka-shto-gi-oblekuva-slavnite-02.jpg

Синиот фустан беше дел од колекцијата за есен/зима 2023-та година, а беше целосно адаптиран за телото на познатата пејачка.

Роксанда со години наназад е позната како дизајнерката на славните, а во продолжение прочитајте како успеала од студент по уметност во Белград, да ги оствари сопствените соништа во светот на модата:

Роксанда Илинчиќ е родена во 1977-та година во Белград и како дете често патувала со нејзините мајка и татко. Дипломирала на Академијата за уметност во Белград, на катедрата за применета уметност, а потоа магистрирала мода и дизајн во Лондон.

si-zaminala-od-srbija-vo-90-tite-omazhena-e-za-britanski-bzinismen-koja-e-roksanda-ilinchikj-srpskata-dizajnerka-shto-gi-oblekuva-slavnite-03.jpg

Рокаснда живее во Лондон од 1999-та година, а за одлуката да ја напушти својата родна земја и за периодот додека студирала во една пригода рече:

„Кон крајот на 90-тите години имав трауматични искуства, затоа што немаше греење на факултет, одев со шише топла вода за да се згреам додека седев и ги слушав предавањата. Наместо храна купував модни магазини и преку нив дознав и за факултетот Central Saint Martins каде подоцна се запишав“.

Иако живеела во тешки услови во тогашната татковина, Роксанда со гордост ги напоменува своите југословенски корени.

„Радосна сум кога се враќам со Србија, затоа што оттука потекнувам и горда сум на тој факт“ – рече во една пригода дизајнерката, која во родната земја била наградена со наградата „Витез на светисавскиот пацифизам“ за заслугите што ги дала кон зачувување на идентитетот на родната земја.

si-zaminala-od-srbija-vo-90-tite-omazhena-e-za-britanski-bzinismen-koja-e-roksanda-ilinchikj-srpskata-dizajnerka-shto-gi-oblekuva-slavnite-04.jpg

Набрзо по доаѓањето во Лондон, таму го запознала сегашниот сопруг Филип Буено де Мескита. Една година по запознавањето тие двајца се венчале, а 10 години подоцна ја добиле ќерката Ефимија Ранка, која ја викаат нагалено Мија.

Во една пригода Роксанда рече дека за секоја годишнина од бракот, сопругот ѝ купува по еден винтиџ прстен.

si-zaminala-od-srbija-vo-90-tite-omazhena-e-za-britanski-bzinismen-koja-e-roksanda-ilinchikj-srpskata-dizajnerka-shto-gi-oblekuva-slavnite-11_copy.jpg

Филип е сопственик на спортскиот бренд Acupuncture, a освен што ѝ е животен сопатник, тој истовремено ѝ е и многу важен бизнис соработник.

Додека студирала, Роксанда работела како модел, а вели дека тоа дополнително ѝ помогнало во работата.

Во 2002-ра година ја започнува својата кариера како моден креатор, а во последните 20-тина години успеа да изгради бренд препознатлив низ целиот свет.

si-zaminala-od-srbija-vo-90-tite-omazhena-e-za-britanski-bzinismen-koja-e-roksanda-ilinchikj-srpskata-dizajnerka-shto-gi-oblekuva-slavnite-05.jpg

Модната креаторка е позната по тоа што долги години наназад беше задолжена за изгледот на принцезата Кејт, а во нејзини аутфити се појавиле повеќе влијателни сопруги на политичари: Мишел Обама, Меланија Трамп, Саманта Камерон...

si-zaminala-od-srbija-vo-90-tite-omazhena-e-za-britanski-bzinismen-koja-e-roksanda-ilinchikj-srpskata-dizajnerka-shto-gi-oblekuva-slavnite-06.jpg

Кејт Бланшет, Џесика Алба, Селена Гомез, Блејк Лајвли се само дел од другите славни дами што досега се појавиле во креации на познатата српска модна дизајнерка.

si-zaminala-od-srbija-vo-90-tite-omazhena-e-za-britanski-bzinismen-koja-e-roksanda-ilinchikj-srpskata-dizajnerka-shto-gi-oblekuva-slavnite-10.jpg

Прочитајте и Омилената српска дизајнерка на Кејт Мидлтон, Мишел Обама, Меланија Трамп - Роксанда Илинчиќ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“ „Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Водителката на „Никад није касно“ е модна дама на 60 години - партнерот ја оставил бремена со близна... Партнерот ја напуштил додека била бремена со близнаците Бобан и Бојан, но таа ка...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...

Најчитани неделава