Направете ланче од износена маица
Наместо да ги фрлате старите памучни маици, направете си штосно ланче. Постапката е крајно едноставна, само сечете и тегнете!
Откако ќе ја исечете маичката на хоризонтални ленти, растегнувајте ги.
Подредете ги круговите еден врз друг со шавовите на едно место и околу нив врзете тенко парче од истата маичка за да не ви се раслојува ланчето.
Само толку и веќе може да се пофалите дека сте создале парче накит со едноставно рециклирање стара облека!
Прилагодете го моделот на својот стил избирајќи дали ќе биде еднобојно или шарено, покусо или подолго, од повеќе или помалку и од потенки или подебели лентички...
Дизајнот може да се освежи со уште некој детаљ, или со едноставно врзување чворчиња или плетенки од самиот материјал.
З.П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





