Одберете совршен аутфит за Нова година

odberete-sovrsen-outfit-za-nova-godina-povekjeМногу девојки веќе почнаа да планираат што ќе облечат за најлудата ноќ и колку средства ќе треба да издвојат. Сепак, најважно е убаво да си...


...поминете, а не да купите нови крпчиња. И облеката што ја имате во плакарот може д асе освежи со еден нов додаток.

Со малку тул и чипка ќе изгледате совршено за дочекот, а со паметна калкулација освежете ја гардеробата и парите зачувајте ги за провод.

Еве малку помош за вашата новогодишна мисија:

odberete-sovrsen-outfit-za-nova-godina

Фустан
Комбинација на памук и чипка. Ова може да биде совршено решение за новогодишната ноќ - поради памукот ќе се чувствувате пријатно, а чипката ја дава нотата на елеганција. Доколку не сакате чипка, определете се за фустан со карнери.

Крзнен елек
Крзнениот елек оди на сè, па така е совршен избор за дочекот. Одлично се вклопува со фармерки и обични маици, па сè до коктел фустани. Одберете си ја омилената боја и дајте му на својот изглед малку луксуз.

Здолниште
Здолниште со карнери и малку тул и шљокици преставува совршено парче за дочек. Со високи потпетици или балетанки, кратки или долги ракави, ова здолниште ќе делува гламурозно. Ако ви се допаѓа, немојте да се двоумите, сепак тоа можете да го носите само на новогодишната ноќ.

Ташничка
Стилистите знаат колку се важни деталите, па искористете го нивното знаење. Вашата омилена комбинација за излегување збогатете ја со совршена ташничка и веќе сте во добивка. Облеката од вашиот плакар ќе делува сосема поинаку, а добивате и ташничка која што ќе можете да ја носите во текот на целата година.

Накит
Ниту една новогодишна тоалета не може да се замисли без соодветен накит, но треба да се внимава да не изгледате како новогодишна елка. Доколку вашиот фустан има полно детали, избегнувајте огрлици, одлучете се за нараквица и дискретни обетки. Немојте да носите повеќе од три различни парчиња во исто време. Ако фустанот ви е еднобоен одлучете се за покрупни детали накит, масивна огрлица или нараквици во повеќе бои.

Би можело да ве интересира:

Како да изберете фармерки што ќе ви стојат добро (и како да ви траат подолго)? Ако фармерките имаат набори кај делот со патентот, тогаш не ви се точни, а ако к...
Омилените зимски парчиња на Французинките со кои ќе изгледате тренди и на минусни температури Удобните чизми до колена, но и ролката се омилени парчиња на Французинките за во...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2026: Што облекоа посетителите? (фото) Модната дама Маја Ацески во транспарентен аутфит со точки и впечатлив металик ма...
6 трикови со кои полесно ќе ги „преживеете“ неудобните чевли Бебешка пудра за чевлите да не ви испуштаат чуден звук од потење, апостолките за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg