Ким Кардашијан во кожен фустан, градите на Серена Вилијамс „претекуваат“ - Кои дами издоминираа на CFDA модните награди?

Ен Хатавеј покажа дека и тоалетата изработена од тексас може да изгледа елегантно во комбинација со вистинскиот накит, Ким Кардашијан издоминира во црн кожен фустан, а Деми Мур покажа дека годините се само бројка – па во сребрен светкав фустан ја покажа извајаната линија.

kim-kardashijan-vo-kozhen-fustan-gradite-na-serena-vilijams-pretekuvaat-koi-dami-izdominiraa-na-cfda-modnite-nagradi-01.jpg

Во понеделникот (06.11) во Њујорк се одржа доделувањето на CFDA модните награди, што се организира од страна на Советот на модни дизајнери во Америка. Ен Хатавеј, Ванеса Хаџенс, Гвинет Палтроу, се само некои од имињата што се појавија на црвениот тепих.

Сепак, најголемо внимание на настанот привлече Ким Кардашијан која се појави во кожен фустан во готски стил кој ја истакна нејзината совршена фигура и облини.

modna-dominacija-na-kim-kardashijan-i-demi-mur-na-dodeluvanje-modni-nagradi-vo-sad-02.jpg

Фустанот имаше копчиња изработени од кристали на грбот и делумно беше оставен откопчан со што ријалити ѕвездата успеа да ги покаже своите извајани нозе.

modna-dominacija-na-kim-kardashijan-i-demi-mur-na-dodeluvanje-modni-nagradi-vo-sad-03.jpg

Водителка на настанот требаше да биде модната икона од Sex and the City, Сара Џесика Паркер, но таа се откажа заради оправдани причини, па нејзиното место ѝ припадна на актерката Ен Хатавеј.

Ен успеа да го привлече вниманието така што на настанот се појави во тоалета изработена од тексас, а целиот изглед го надополни со ѓердан изработен од дијаманти и сафир.

modna-dominacija-na-kim-kardashijan-i-demi-mur-na-dodeluvanje-modni-nagradi-vo-sad-04.jpg

Во текот на вечерта таа уште еднаш го промени стајлингот, па се појави во црвен фустан од тантела со цветни декорации.

Деми Мур уште еднаш успеа да ги украде воздишките и да покаже дека годините се само бројка. Актерката која изненадува со нејзиниот неверојатен изглед и на 60 години, на настанот се појави во сребрен светкав фустан, којшто совршено ја истакна нејзината извајана фигура.

modna-dominacija-na-kim-kardashijan-i-demi-mur-na-dodeluvanje-modni-nagradi-vo-sad-05.jpg

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
4 тексас парчиња кои ќе бидат тренд во лето 2026 (и во кои ќе ги „преживеете“ жештините) Ако сте од оние кои не се откажуваат од тексас дури ни во лето, овие модели се з...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...

Најчитани неделава