8 идеи како да ги комбинирате белите фармерки во студените месеци

Додајте нежни бои

Белите фармерки може да ги комбинирате со нежни бои кои притоа ќе ви го подобрат расположението. Започнете со монохроматска основа, а потоа додајте сино палто.

За полежерен изглед, заменете го палтото за плетен џемпер и комбинирајте со чизми до глужд.

8-idei-kako-da-gi-kombinirate-belite-farmerki-i-vo-studenite-zimski-meseci-06.jpg

Комбинација со црно и сиво

Носењето бели фармерки за вечерно излегување може да изгледа невообичаено, бидејќи повеќето се одлучуваат за темни нијанси, но тоа е возможно. Внесете елегантност со чевлите и горниот дел од облеката.

Белите фармерки ќе изгледаат одлично со чизмички до глужд, блуза или џемпер од кашмир и елегантен капут.

8-idei-kako-da-gi-kombinirate-belite-farmerki-i-vo-studenite-zimski-meseci-07.jpg

Комбинација со кариран дезен

Едноставно, белите фармерки може да ги комбинирате со палто со кариран дезен, бела блуза и чизми кои се вклопуваат со нијансата која ја има во принтот на палтото.

8-idei-kako-da-gi-kombinirate-belite-farmerki-i-vo-studenite-zimski-meseci-09.jpg

Со беж или кафеава боја

Бели фармерки и кафеаво палто е одлична комбинација. Но, покрај тоа што може да носите волнено палто, размислете и за темна кожна јакна или неутрален капут кој ќе даде доволно контраст.

Не заборавајте да ги комбинирате и чевлите кои ќе ви го дадат целокупниот посакуван изглед.

8-idei-kako-da-gi-kombinirate-belite-farmerki-i-vo-studenite-zimski-meseci-08.jpg

Дополнителни совети за носење бели фармерки во зима:

Размислете за стилот: Идеално е да имате едни тесни бели фармерки, едни пошироки и еден пар бели панталони. Тесните бели фармерки се најдобра опција за почеток, зашто ќе можете да ги комбинирате со сите видови чизми.

Останете неутрални: Црно, бело, сиво и кафеаво се класици со причина. Кога се сомневате, најлесниот начин да ги носите белите фармерки во зима е да останете неутрални и да правите комбинации во овие бои.

Играјте си со текстурите: Ако не се чувствувате многу удобно носејќи бели фармерки во зима, тогаш додајте малку текстура. Во зима имате опција за вештачко крзно, кожа, плетени џемпери…

Додатоци: Едноставниот златен накит изгледа неверојатно со зимските бели комбинации, а додатоците кои ќе се усогласат со горниот дел од облеката или чевли, ќе ви дадат посебен изглед.

М. Ѓ | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
10 грешки поради кои фармерките не ви стојат добро Не носите колан со тесните фармерки со висок струк и купувате модели со ниско по...
Бисерите се накит на годината во 2024 – Кои Македонки го следат светскиот тренд? Дани Ѓуровска, Елена Најдоски, Бојана Скендеровска... Ова се некои од Македонкит...
Машки деловни комбинации, совршени за почетокот од есента (фото) Нема да погрешите со кошула и панталони, но не мора да се држите само до овие па...
Весели модни комбинации за крајот на зимата (фото) Светли тонови, впечатливи нијанси, комбинација на бои за кои мислите дека не мож...
Работи што ги носиме погрешно во зима (без да размислиме за последиците) Синтетички хулахопки, качулка врз капата... Каде најчесто грешиме кога е во праш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg