9 модни трендови на кои треба да заборавите оваа сезона

Кошула-фустани веќе не се во мода, исто како и плетените фустани... Кои парчиња облека треба да ги оставите во плакарот оваа пролет и да ги замените со слични, но помодерни?  

10-modni-trendovi-na-koi-mora-da-zaboravite-ovaa-sezona-01.jpg

На почетокот на секоја сезона, кога ја менувате гардеробата, веројатно и вие купувате по неколку нови парчиња кои се по најнова мода.

Но, ги вадите и омилените за кои сметате дека се безвременски и можете да ги носите кога и да посакате.

Сепак, постојат неколку парчиња кои оваа сезона, сепак треба да останат во плакарот и да ги оставите за некои идни времиња.

На кои модни трендови треба да заборавите и да ги замените со нови?

Здолништа и панталони со ластик на половината

Иако сигурно ви се пријатни за носење, парчињата облека со ластик на половината се тотален „аут“ оваа сезона (а според стилистите нема да бидат во мода ни следните неколку години).

Поради поставеноста на ластикот, тие шират околу половината и прават да изгледате подебело отколку што сте.

Наместо нив, изберете парчиња кои ќе ја нагласат половината, со едноставен крој, а кои можете да ги носите и со ремен.

10-modni-trendovi-na-koi-mora-da-zaboravite-ovaa-sezona-09.jpg

Кошула-фустани

Заборавете на кошула-фустаните, тие оваа сезона не се во мода.

Но, ако ви се допаѓаат вакви парчиња облека, тогаш заменете ги со фустани на преклоп, кои се врзуваат околу половината - делуваат многу елегантно и привлечно.

10-modni-trendovi-na-koi-mora-da-zaboravite-ovaa-sezona-07.jpg

Плисирани здолништа

Плисираните здолништа се дизајнирани така што ги нагласуваат природните линии на телото.

Но, понекогаш тие може да ги истакнат деловите од телото кои сакате да ги скриете.

Затоа, стилистите за оваа сезона препорачуваат тексас широки здолништа со копчиња.

10-modni-trendovi-na-koi-mora-da-zaboravite-ovaa-sezona-04_copy.jpg

Металик боја на облека

Металик бојата на облека беше модерна на почетокот на 2024-та, но веќе не. Исфрлете ги и проѕирните парчиња од плакарот.

Сите такви парчиња, оваа пролет заменете ги со облека во поедноставни бои.

А ако сакате нешто сјајно, тогаш изберете парчиња накит кои ќе му дадат малку блескав сјај на вашиот стил.

10-modni-trendovi-na-koi-mora-da-zaboravite-ovaa-sezona-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024 Црвените нокти се сметаат за застарени, а вистински хит се животинските принтови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg