Џејн Фонда (86) им одржа модна лекција на помладите колешки: Највпечатливите креации на отворањето на Канскиот филмски фестивал

На црвениот тепих во Кан продефилираа филмски ѕвезди, модели, благородници, но највпечатлива беше Џејн Фонда, која на 86 години им одржа модна лекција на помладите дами.

djejn-fonda-86-im-odrzha-modna-lekcija-na-pomladite-koleshki-najvpechatlivite-kreacii-na-otvoranjeto-ka-kanskiot-festival-01.jpg

Синоќа (15.05) на француската ривиера свечено беше отворен 77. Кански филмски фестивал. Честа да го отвори фестивалот, годинава му припадна на францускиот филм Le Deuxième Acte, со Леа Сејду во главната улога.

Таа на црвениот тепих дојде облечена во долг сребрен фустан со длабоко деколте и доби комплименти за изгледот.

djejn-fonda-86-im-odrzha-modna-lekcija-na-pomladite-koleshki-najvpechatlivite-kreacii-na-otvoranjeto-ka-kanskiot-festival-02.jpg

Ништо помалку впечатливи не беа ни моделите Хајди Клум, која избра црвен балски фустан, и Хелена Кристенсен, која носеше бел фустан со бела наметка која продолжува директно од ракавите.

На висина на задачата беше и американската манекенка Тејлор Хил, облечена во црно-бел фустан, со шлиц скоро до колкот, а изгледот го дополни со впечатлив накит.

djejn-fonda-86-im-odrzha-modna-lekcija-na-pomladite-koleshki-najvpechatlivite-kreacii-na-otvoranjeto-ka-kanskiot-festival-03.jpg

По 35 години, во Кан дојде и Мерил Стрип, која доби почесна Златна палма, а наградата ѝ ја предаде нејзината колешка, актерката Жулиет Бинош.

Лејди Викторија Харви избра кралски фустан во бледо розова боја, со наметка и впечатлив брош.

Но, во целиот тој гламур, најмногу внимание привлече Џејн Фонда. Холивудската ветеранка на отворањето на фестивалот дојде облечена во црн костим со навезени сребрени и црни детали.

03.jpg

Изгледот го дополни со сребрени чевли и малку накит. Преку костимот носеше долг капут во кафеаво-црна боја, кој ѝ прилегаше одлично.

Стилистите велат дека актерката на 86 години им одржа вистинска модна лекција на многу помладите колешки.

Погледнете дел од највпечатливите изданија на отворањето на Канскиот филмски фестивал 2024:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“ „Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...

Најчитани неделава