Домашни купки за стапала

domasni-kupku-za-stapala-povekjeСтапалата издржливо го носат целиот товар, но најчесто забораваме дека им треба ослободување и освежување по долгиот престој во неудобни чевли.


Со купка за стапала започнуваат скоро сите третмани во најпознатите светски спа центри, а трикот за брзо ослободување од стресот лесно може да го искористите и дома.

Купката за стапала не е само подготовка за педикир, напротив, и мажите и жените ќе си го подобрат расположението и вратат енергијата по само 10-15 минутен третман.

Нема никаква причина да се лишите од оваа можност, особено што сѐ што ви е потребно веќе го имате дома.

domasni-kupku-za-stapala-1

Неопходен е голем сад и вода, а останатото е прашање на желба. Наједноставно е само да додадете неколку лажици морска сол или мед во млака вода, или пак стапалата да ги натопите во чај (особено препорачуваме камилица или нане) и добивате одлична купка и со само една состојка.

Ви препорачуваме и две едноставни купки, а ваше е да седнете и уживате.


1. Овошна

domasni-kupku-za-stapala-2

Исецкајте еден цитрон (може да се замени или комбинира со лимон и портокал) на парченца, додадете 4 големи лажици морска сол, малку рузмарин и прелијте ги со сок исцеден од половина цитрон.

Прелијте со половина литар врела вода и оставете да отстојат неколку минути.

Потоа додадете поладна вода и прилагодете до саканата температура.


2. Мед и млеко

domasni-kupku-za-stapala-3

- Загрејте половина литар млеко и 2 литра вода.
- Со мешање во течноста растопете 2 големи лажици мед.
- Префрлете ја загреаната течност во кадичката (пластичниот сад) за стапала.

Менувајте ги и дополнувајте ги своите домашни спа третмани по желба, единствено внимавајте водата да достигнува до 3/4 од висината на кадичката за да може да ги движите стапалата без истурање.

По 10-20 минути во вода, исушете ги стапалата со пешкир и за дополнување на уживањето кусо измасирајте ги со крема. Ветуваме дека ќе се чувствувате препородено!

Би можело да ве интересира:

4 тексас парчиња кои ќе бидат тренд во лето 2026 (и во кои ќе ги „преживеете“ жештините) Ако сте од оние кои не се откажуваат од тексас дури ни во лето, овие модели се з...
Моден двобој: Македонка со истите крзнени чевли и чанта како на Јелена Карлеуша, што „кренаа прашина... „Ми се допаѓаат премногу, преслатки се и невообичаени, а удобни и квалитетни мат...
Марго Роби го износи најсмелиот фустан на црвениот тепих - илузија на голо тело со видлива танга и К... На премиерата во Лондон, Марго дојде со својот филмски партнер, Колин Фарел - до...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Кафеавите фармерки се новиот зимски тренд – како да ги комбинирате? (фото) Можете да ги комбинирате со парчиња со слични нијанси, но и неутрални тонови, а ...
Кога свекор ти е моден император: Раскошната свадба на синот на Ели Сааб – невестата смени 3 венчани... Кога неприкосновениот император на високата мода е свекор на невестата, не доаѓа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg