Јапонски изуми за убавина

japonski-izumi-za-ubavina-povekjeЖените сешто ќе претрпат за убавина, а Јапонките се подготвени да ги испробаат разните гаџети кои им се нудат за подмладување, отклонување на...


...недостатоците или за релаксација.

Дали би ги пробале овие средства, кои на прв поглед потсетуваат на инструмент за мачење?

Гумена уста за бришење на борите

japonski-izumi-za-ubavina-1

Калапот за уста се рекламира како едноставно решение за затегнување и опуштање на кожата на лицето. Доволно е велат производителите, три минути секој ден да се изведува усна гимнастика и мускулите на лицето ќе зацврснат, а борите ќе ги снема.

Бодликава направа за поубава коса

japonski-izumi-za-ubavina-2

Специјална четка која служи за масажа на главата, релаксира и го поттикнува растот на косата, всушност преставува алат кој во Јапонија се користи за аранжирање на цвеќе.

Штипка која го „поправа“ носот

japonski-izumi-za-ubavina-3

Овој производ им се нуди на жените како идеално средство својот профил да го направат уште поубав без посетување на пластичен хирург. Како што гледате на сликата, гаџетот потсетува на штипка за коса, а всушност е направа со чија помош може да се „поправи“ носот. Дизајнирана е така што прави притисок на четирите носни коски, но не е јасно на кој начин доаѓа до трајна промена на профилот.

Удирањето со кука опушта

japonski-izumi-za-ubavina-4

Овој производ е направен за домашна шијацу масажа, а дизајниран е така што може да ги допре акупресурните точки на грбот. Направата, како што велат производителите, може да се носи и на работа, па кога сте напнати и ве боли грбот, извадете ја куката и дозволете си релаксирачка масажа.

Би можело да ве интересира:

8 идеи како да ги комбинирате белите фармерки во студените месеци Црно, бело, сиво и кафеаво се класици со причина. Кога се сомневате, најлесниот ...
Џејн Фонда (86) им одржа модна лекција на помладите колешки: Највпечатливите креации на отворањето н... На црвениот тепих во Кан продефилираа филмски ѕвезди, модели, благородници, но н...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
16 светски ѕвезди кои избраа кул обувки за црвениот тепих (наместо класични салонки) Шер, Ирина Шајк и Серена Вилијамс се само дел од светските ѕвезди кои ги кршат „...
Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото) Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg