Браво! Македонка што живее во Шведска стигна и на писта на Mодната недела во Стокхолм - Марис споделува искуствo од прва рака
„Бев единствената Македонка што шеташе на Модната недела во Стокхолм 2026“, вели Марија Илиева од Штип, позната како Марис и споделува забавни детали од бекстејџот на тема како се работи во Шведска.

Македонската модна инфлуенсерка Марис живее во Шведска, а на својот Инстаграм профил таа постојано открива детали оттаму.
Сега таа успеа да чекори и на пистата на Модната недела во Стокхолм, каде откри дека од 198 модели на кастинг избрани биле само 20, меѓу кои и она.

Таа вели дека станала уште во 4 часот наутро за да стигне навреме, и требало да биде без грам шминка и фризура.

Долго се чекало, па си земала лаптоп да подработи нешто, додека ѝ дојде редот.
„Бев единствената Македонка што шеташе на Модната недела во Стокхолм 2026“, вели Марис.

Таа откри дека аутфитот за секоја девојка бил наместен со слика од неа облечена во него, направена за време на пробата.

На крајот Марис блесна на ревијата, а во своето видео како поминала таму, таа вели:
„Имав трема, уште ми се тресат рацете“.

Таа ќе биде дел и од втората вечер на Модната недела во Стокхолм.

Марис сподели дека имало и фрижидер со храна обезбедено за сите, дека најстрав ѝ било како ќе се снајде со потпетиците, односно дали ќе ѝ бидат згодни, како и дека многу одлуки дизајнерите ги носеле во последен миг, односно правеле промени во зависност од светлината, амбиентот и слично.




Кликнете на видеото каде споделува искуства од прва рака:
С. С. | Црнобело