Тренд аларм: Фармерките со „буре ногавици“ ќе доминираат во 2025-та
Овие фармерки се тесни во горниот дел кај струкот, а потоа се шират до колената, па повторно се стеснуваат кон глуждовите. Звучи драматично… и навистина така и изгледаат. Некои дури ги нарекуваат „грди“. Би ги носеле ли?
Темата за женските фармерки е секогаш тема за дебата – и секоја жена си има свој омилен модел.
Но, оваа 2025 година ќе доминира еден малку специфичен модел, а тоа се „barrel-leg jeans“ (фармерки со ногавици во форма на буре).
Станува збор за широки, заоблени фармерки.
Бела Хадид, Кејти Холмс и Роузи Хантингтон-Вајтли се дел од познатите дами кои ги обожаваат овие фармерки.
Овие фармерки прилегаат тесно во горниот дел (слично како високо струкирани фармерки), а потоа се шират до колената, па повторно се стеснуваат кон глуждовите.
Звучи драматично… и навистина така и изгледа.
Кејти Холмс во варијација на овој модел
Модните дизајнери се шегуваат и велат: „Ако широките фармерки ‘mom jeans’ и ‘baggy jeans’ имаа дете – тоа би биле ‘barrel-leg jeans’“.
Некои брендови овие фармерки ги нарекуваат и „horseshoe jeans“ (фармерки во форма на потковица), додека некои брендови користат имиња како „balloon jeans“.
Комбинирајте светлосини и црни варијанти на овој модел низ целата година – лесно се вклопуваат со цветни парчиња во пролет/лето и со кардигани и мокасини во есен/зима.
Неколку модни предлози со нив:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





