Тренди модели на панталони кои не им стојат добро на повозрасни дами (и додаваат килограми)
Широките карго панталони со многу џебови е тешко да се комбинираат, а притоа и додаваат килограми. Истото важи и за панталоните со неонска боја.
Ако следите модни трендови и по 40-тата година, браво за вас бидејќи ова значи дека не дозволувате годините да имаат влијание врз вас.
Но, некои трендови кои се популарни кај млади девојки сепак може да изгледаат неубаво, па и невкусно кај повозрасни жени и подобро е да се избегнуваат.
Шест тренди модели на панталони кои не се погодни за повозрасни дами:
Широки карго панталони
Иако се мошне популарни, широките карго панталони со многу џебови, не баш погодни за повозрасни жени.
Не е лесно да ги комбинирате со друга облека посоодветна за вашата возраст, а и секако ќе ви додадат некој килограм плус.
Тесни „ѕвонарки“
Овие панталони им стојат добро само на девојки со долги нозе – ѕвончестиот дел на ногавиците може да направи нозете да ви изгледаат пошироки.
За повозрасни дами, многу подобри се или тесни фармерки, или моделите познати како mom jeans.
Дебели кадифени панталони
Кадифениот материјал може да изгледа елегантно и раскошно, но не и на панталони.
Дебелите кадифени панталони ќе ви додадат волумен на долниот дел од телото и можат да напраат да изгледате и постаро.
Широки кожени панталони
И овие панталони килограми, а притоа се и потешки за комбинирање.
Ако сакате кожа, одберете потесен модел и во овој случај важно е да бидете умерени – не носете други кожени парчиња за аутфитот да изгледа поелегантно.
Широки панталони со принтови
Широките панталони со принтови, особено со ногавици до глуждовите, исто така прават нозете да изгледаат пошироко.
Ако сакате сличен модел, изберете панталони со подолги ногавици, но и посуптилен принт.
Панталони со неонски бои
Кога станува збор за неонски нијанси, многу е лесно да направите утка.
Притоа, дречливата боја може да ги истакне брчките, па да направи да изгледате постаро.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





