Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Оваа пролет модерни се нокти во боја на нане

ovaa-prolet-moderni-se-nokti-vo-boja-na-nane-povekjeРафтовите на парфимериите од далеку се зеленеат. Тоа е од шишенцата со боја на нане, зелен чај, морски бранови... За почеток, скратете ги ноктите...


Скратете ги ноктите

Кратките нокти не ги сакаат мажите. Тие сакаат долги, седефасти и црвени. А модерни се кратки, што е разбирливо со оглед на нијансите што се носат. Замислете долги зелени нокти?! Не! Значи скратете ги ноктите и фино обликувајте ги.

Полирајте ги

Еднаш неделно полирајте ги ноктите. Тоа ја подобрува циркулацијата.

Полирањето на една рака треба да трае околу две минути, при тоа притисокот не треба да биде силен за да не се оштетат ноктите.

Секогаш имајте при рака крема за раце и мачкајте ги секогаш кога ќе се сетите. Што почесто тоа подобро. Така рацете ќе ви бидат помеки, а ноктите поцврсти и поздрави.

За рацете е добро парафинско пакување. Тоа ја подмладува кожата. Правете го тоа една месечно.

ovaa-prolet-moderni-se-nokti-vo-boja-na-nane

Нахранете ги

Ако имате суви и кршливи нокти, веројатно немате доволно витамин А и калциум. Јадете морков и пијте повеќе млеко.

Ноктите свиткани надолу се знак на недостаток на протеини, фолна киселина и витамин Ц. Јадете јајца и што повеќе овошје.

Белите точки на ноктите покажуваат недостаток на цинк и калциум.

Темно црвената боја покажува слаб метаболизам поради консумирање на тешка, солена и мрсна храна. Диетата добро ќе ви дојде.

Подлога, па лак

Како подлога ставете безбоен лак кој ги штити ноктите од пукање и лупење.

Освен тоа, благодарение на подлогата, ноктите ќе ви бидат чисти кога ќе го симнете лакот. Лакот подолго ќе ви трае, а бојата ќе биде поинтензивна.

Да ве потсетиме, секој слој мора да се исуши пред да се нанесе новиот.

Немојте да го симнувате и повторно да нанесувате лак за нокти повеќе од два пати неделно. Тоа ги суши ноктите. Наместо ацетон, лакот симнувајте го со препарати кои воедно ги негуваат ноктите.

Би можело да ве интересира:

Хелен Рут (95) е најмодерна баба во светот - некогаш работела во фабрика, а денес на Инстаграм има н... На Инстаграм ја следат светски ѕвезди како Ријана, Мајли Сајрус, Гвен Стефани......
12 невести кои наместо бели венчаници избраа уникатни фустани за својата свадба (фото) „Свршеникот и семејството со месеци ме тераа да облечам бела венчаница наместо ц...
9 познати дами кои секогаш се како во униформа (за да не направат модна грешка) Кејт Бекинсејл секогаш носи комбинација на шорцеви + здолниште или наметка, Ема ...
Предлог модни комбинации со здолништа за оваа есен 2024 Тесно здолниште + широка кошула, плисирано миди здолниште + сако + патики... Кој...
Бордо хулахопки – детаљ што ќе ги освежи монотоните зимски комбинации (фото) Додека црните хулахопки се класика за зимските денови, оние со бордо нијанса мож...
7 парчиња облека кои секогаш делуваат луксузно и скапо, според стилисти на богати Елегантно сако и пар класични чевли – кои парчиња облека им се омилени на богати...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg