Мажите гласаат за бикини

mazite-glasaat-za-bikini-povekjeКако и кај секоја друга облека, машките имаат помал избор на костими за капење. Но затоа девојките слободно може плажите да ги претворат во модни писти.


Се ближи летото, а со тоа и неизбежното ѕиркање по туѓи купаќи и тела. Па што мислат мажите кога на плажа ќе прошетате во бикини, монокини, едноделен... Девојките од Marie Claire ги подраспрашаа мажите на оваа тема. Победник? Обичното бикини.


Врвка-бикини

mazite-glasaat-za-bikini-1

Најмалечкото бикини е популарно кај девојките и одобрено од 74% од мажите.


Дводелен

mazite-glasaat-za-bikini-2

Навидум и нема некоја разлика, но обичното дводелно бикини е многу поприбрано од неговото пооскудно пријателче со врвки. И открива и сокрива, па затоа е омилено кај дури 93% од мажите кои велат дека ваквиот модел најмногу потсетува на стандардната женска долна облека.


Лента

mazite-glasaat-za-bikini-3

Нема прерамки, туку само доволно материјал да ги потпокрие градите. 89% од мажите со задоволство ги гледаат девојките во ваков модел.


На една прерамка

mazite-glasaat-za-bikini-4

33% се чудат кој би сакал такво асиметрично сончање, ама 67% веднаш рекле дека им се допаѓа.


Едноделен

mazite-glasaat-za-bikini-5

mazite-glasaat-za-bikini-6

Девојките некако го игнорираат, но едноделниот костим за капење им се допаѓа на 65% од мажите!


Танкини

mazite-glasaat-za-bikini-7

Личи на едноделен, ама практичен е како дводелен. Необичниот модел им се допаѓа на 53% од мажите, а за 47% е женска верзија на маж кој плива во маица.


Пин-ап

mazite-glasaat-za-bikini-8

mazite-glasaat-za-bikini-9

Ретро пин-ап моделите или се едноделни со мало шорц продолжение или дводелни со многу висок струк. Само 21% од мажите ја сакаат Бети Пејџ на плажа.


Дизајнерски

mazite-glasaat-za-bikini-10

Дизајнерите мора да смислуваат луди модели за да имате причина да си купите нов костим за капење. 83% од мажите не се воодушевени од трендовските измислици.

Се согласувате ли со резултатите?

Би можело да ве интересира:

Омилените зимски парчиња на Французинките со кои ќе изгледате тренди и на минусни температури Удобните чизми до колена, но и ролката се омилени парчиња на Французинките за во...
Како да носите реси ова лето (а да не изгледате како во 2016-та)? Едноделните костими за капење со реси на горниот дел се огромен хит, исто како и...
Новогодишни аутфити во кои може да одите и на работа и на денска забава (фото) Ако сакате урбани, а сепак дотерувачки аутфити, за на 31-ви од работа да одите д...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Предлог комбинации поради кои ќе посакате да си купите црвен капут (фото) Изгледа елегантно, но и впечатливо па може да ги „Оживи“ и најмонотоните комбина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg