Дел од „вулгарните“ фустани на Канскиот филмски фестивал, поради кои организаторите забранија голотија на настанот
Еден ден пред годинашниот Кански филмски фестивал, организаторите соопштија дека гостите кои ќе дојдат со разголени аутфити, нема да бидат пуштени на настанот. Изминативе неколку години, скандалозните аутфити на славните дами привлекуваа и повеќе внимание од самите филмови на фестивалот.
Во пресрет на 78-то издание на Канскиот филмски фестивал кое ќе одржи вечерва, организаторите решија да ги променат правилата за облекување.
Само еден ден пред фестивалот, односно на 12-ти мај, тие соопштија дека ја забрануваат голотијата на црвениот тепих.
Па, на годинaшниот фестивал (и секој нареден), филмските ѕвезди и другите гости треба да ги прескокнат разголените аутфити.
Разголените аутфити како да станаа норма на важните настани од забавната индустрија, но организаторите на фестивалот во Кан сакаат да го променат овој тренд.
„Од причини за пристојност, голотијата е забранета на црвениот тепих, како и на кој било друг дел од фестивалот.
Тимовите што ќе ги пречекуваат гостите на фестивалот ќе бидат задолжени да им забранат пристап на сите кои нема да ги почитуваат овие правила“, гласи изјавата од организацијата на фестивалот.
Од гостите ќе се очекува да следат поконзервативен дрес код, со костуми и свечени тоалети. Но, дозволено е да се носат и пократки фустани или панталони/комбинезон, сè додека се во граница на пристојност.
Бидејќи фестивалот се пренесува во живо на француските телевизии, се шпекулира дека можеби и тие имаат удел во забраната бидејќи емитувањето треба да биде соодветно и за млада публика.
Се претпоставува и дека инцидентот со Бјанка Сенсори, која се појави гола на доделувањето на Еми наградите, има некаков удел, но и фактот дека секоја година, на Канскиот филмски фестивал славните жени доаѓаат со сè помалку облека.
Дел од „вулгарните“ фустани што ги видовме на Канскиот филмски фестивал низ годините:
Бела Хадид во 2016 година
Бела Хадид во 2021 година
Бела Хадид во 2024 година
Џулија Фокс во 2023 година
Моделот Лејла Депина во 2023 година
Ирина Шајк во 2023 година
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





