Здолниште и патики – најудобната пролетна комбинација (која изгледа многу стилски)
Кога температурите надминуваат 30 степени, никој не сака да се „вари“ во панталони, а ако ви е рано за сандали, можете да ги носите здолништата со патики.

Иако пред неколку години можеби ни изгледаа неспојливи, комбинацијата од патики и здолниште може да изгледа многу стилски.
Кога температурите почнуваат да надминуваат 30 степени, ретко кој би сакал да се „вари“ во панталони, но ако ви е уште рано за сандали, можете да ги носите омилените здолништа и со патики.
Тексас здолништата во комбинација со патики веќе се хит, но дури и поелегантните модели, ако оние сатенските или од тантела, можат да изгледаат мошне добро со патики и кошула или маичка.
Неколку комбинации за инспирација:
Спирова С. | Црнобело
