Видови кармини

vidovi-karmini-povekjeСè до втората половина на 20 век карминот бил дефиниран исклучив во нијанси на црвена боја. Денес може да бираме нијанси, бои и текстури. Убавите...


...усни привлекуваат внимание, а за да бидат совршено нашминкани, треба да внимавате на нијансата и бојата на вашиот тен како и на текстурата за одредена прилика или временски период.

1. Хидратантен кармин. Наменет е за суви усни затоа што содржи витамин Е, алое вера и глицерин. На усните им пружа сјај и хидратација.

vidovi-karmini-01

2. Крем кармини. Содржат масло и се лесни како и хидратантните. Потребно е да ги нанесувате почесто затоа што не траат долго. Изгледаат поубаво на усните ако ги нанесувате со четкичка за усни.

vidovi-karmini-1

3. Мат кармин. Долготраен ефект без сјај. Оваа формула им прилега на помлади девојки, а за усните да бидат нежни и хидратизирани одберете производи кои содржат витамин Е и алое вера.

vidovi-karmini-2

4. Проѕирен сјај. Сатенска, свиленкаста текстура која содржи масло, а на усните им дава хидратација и проѕирен сјај. Овие кармини се идеални за нежен, полесен дневен изглед, но мора да се нанесуваат повеќе пати.

vidovi-karmini-3

5. Седефаст кармин. Ова се добар избор ако сакате да се истакнете. Задолжително нанесете балсам за усни затоа што овие кармини често може да ги испукаат усните и да ги направат суви.

vidovi-karmini-4

6. Долготраен кармин. Бојата останува 4 до 8 часа на усните. Убаво е пред да го нанесете да ги обележите усните со моливче во соодветна боја.

Би можело да ве интересира:

Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...
По „mob wife“, инфлуенсерките се облекуваат како „богата мајка“: Предлог комбинации за популарниот т... За разлика од mob wife, новиот тренд познат како rich mom (богата мајка) е миним...
Шест модели на сандали што ќе доминираат ова лето – Како да ги комбинирате? Апостолки со луксузен дизајн во темни нијанси, но и „бабински“ влечки кои поради...
Идеи како да ги комбинирате каубојските чизми за да изгледате стилски (фото) Сигурно веќе насекаде во излозите и низ улиците ги гледате каубојките – ако ви т...
Модата на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025: Што облекоа посетителите? Како и првата вечер, црната боја беше фаворит кај гостите на Shtip Fashion Days ...
8 предлог комбинации со џемпер без ракави – идеални за есен Џемперите без ракави изгледаат совршено со кошула, а потоа можете да ги комбинир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg