19 години подоцна: Светска пејачка во фустанот што Катарина Ивановска го носеше на ревија во 2006-та
Во 2006-та Катарина продефилира во фустанот на Roberto Cavalli на ревија, потоа го носеше Бијонсе, а речиси 20 години подоцна, повторно се врати во мода, кога пејачката Тајла (23) го облече на Kids Choice Awards 2025. На кого му стои подобро?

На 21 јуни се одржаа наградите Kids Choice Awards во Санта Моника, а познатата пејачка Тајла, се појави во колоритен аутфит кој беше во мода во раните 2000-ти.
Фустанот кој го носеше е креација на Roberto Cavalli, од Ready-to-Wear колекцијата на брендот за пролет/лето 2006-та.

Она што е интересно е дека креацијата ја промовираше токму нашата Катарина Ивановска, која во тој период соработуваше со некои од најголемите модни куќи и често ја гледавме на модните писти.

На социјалните мрежи се споделуваат фото-споредби од Тајла, која го носи фустанот во 2025 и Катарина, која дефилираше на модна писта со истиот на ревијата на Кавали во 2006-та.


Многумина се шегуваат дека Тајла е речиси исто толку стара колку и фустанот, кој истата година кога се појави колекцијата, го носеше и Бијонсе, на настап во Њујорк.

Погледнете ја целата ревија (Катарина се појавува на 11:19 минути)
М. М. | Црнобело