Ангела од Охрид е трудница со впечатлив летен моден стил: „Сакам да го истакнам стомакот, горда сум на него“
„Секој има личен избор да одлучи што да прави со своето тело. Мразам да слушам дека бремените жени чувствуваат потреба да ја сокријат својата бременост“, вели Ангела Маслова за CRNOBELO.com, која е трудница со кул моден стил. Таа по животот на Алјаска повторно се врати да живее во Охрид.

Ангела Маслов е родена во Бароу, Алјаска. Пред повеќе од 40 години нејзините родители во потрага по подобар живот, се преселиле во ова мало место кое уште е наречено и „врвот на светот“, бидејќи е најсеверната точка во Северна Америка.
На многу мала возраст се враќаат во Македонија каде таа живее до 11-годишна возраст, го стекнува македонскиот менталитет и се вљубува во земјата.
Потоа, извесен период Алјаска повторно ѝ беше дом на Ангела, заедно со сопругот и ќерката, но тие одлучија да се вратат во Охрид, каде сега го очекуваат своето второ дете.
Ангела е трудница со впечатлив и кул моден стил.
За CRNOBELO.com таа открива детали за модниот стил, но и зошто сака да го истакне стомакот во бременоста:
„Мојот сегашен стил вели: „Ова сум јас и ова е моето тело сега“.
Моето најново „модно парче“ е мојот стомак и работам околу тоа да го истакнам, а не да го сокријам.

Го гледам овој период како слобода да го прифатам моето тело кое се менува и да се облекувам така како што сакам.

Како љубител на модата, чувствувам дека е важно мојата облека да го одразува мојот уникатен идентитет.

Телото на жената претрпува неверојатни трансформации за да создаде и негува нов живот.

Горда сум на мојот стомак. Најубавото чувство на светот е да растеш личност во себе.

Што е со разголувањето на стомакот? Разголувањето може да биде визуелен начин да се каже: Дозволи ми да правам што сакам и да носам што сакам.

Во моментов, поголемиот дел од моите аутфити за бременост ги стилизирам под стомакот, што значи дека стомакот е надвор.

Секој има личен избор да одлучи што да прави со своето тело. Мразам да слушам дека бремените жени чувствуваат потреба да ја сокријат својата бременост.

