Ирена Спировска во елегантна тоалета, Благица Павловска во светкав фустан - Што носеа учесниците на Охрид Фест 2025?
Водителката Ирена Спировска носеше долга тоалета во боја на лаванда, додека Марјана избра бел фустан без прерамки - двата ја следеа линијата на телото и ја истакнуваа нивната извајана фигура. Што носеа пејачите на фолк и интернационалната вечер на Охрид фест 2025?

Викендов во Охрид се одржа 32-рото издание на фестивалот „Охрид Фест“, а водителки беа Ирена Спировска и Маријана Станојковска.
Двете дами изгледаа одлично на сцената на Долни Сарај, каде што фестивалот се одржува традиционално секоја година, во последниот викенд од август.
Ирена носеше долга тоалета во боја на лаванда, додека Марјана избра бел фустан без прерамки.

Учесниците кои пееја и во фолк вечерта и во интернационалната вечер, излегоа на сцената во различни стилови - едни беа елегантни, други избраа поедноставни креации.
Младата Ана Петановска носеше кратко бело фустанче од тантела, Сузана Спасовска избра црвено здолниште со бела кошула, додека Благица Павловска блесна во црн фустан со златни светки.
Мажите беа во покежуал изданија - костуми без вратоврски, фармерки во комбинација со кошула и палто.

Како беа облечени водителките и пејачите на Охрид Фест 2025?
Ирена Спировска

Марјана Станојковска

Ивона Јо

Наталија Данаилова

Благоја Грујовски

