Капи и модни додатоци за глава што ќе доминираат во есен 2025
Беретките кои се синоним за елеганција, но и големите стегачи кои беа популарни во 2000-тите и кои се идеални ако не ви се први фризура.

Со есента почнува и период кога можеме да експериментираме со капи и модни додатоци за главата.
И притоа, не само што се практични бидејќи нè топлат и ја штитат косата, туку прават огромна разлика во секој аутфит.
Капи и модни додатоци за глава кои ќе бидат хит оваа есен:
„Класична“ капа
„Класичните“ капи кои биле популарни уште во 20-тиот век, особено кај работниците, оваа есен ќе бидат вистински хит.
Одлично изгледаат во комбинација со мантил, што ги прави идеални за есенските денови.
Капа со широка плетка
Овој тренд првпат се појавил уште во 1960-тите, а сега повторно се враќа во мода.
Капите со широка плетка се идеални за полежерни комбинации и мошне добро ги дополнуваат. Истовремено, лесно се вклопуваат и со бохо парчиња.
Беретка
Беретките се синоним за елеганција и се актуелни скоро секоја есен и зима.
Сега, пак, стануваат вистински хит бидејќи изгледаат добро не само со елегантни, туку и со полежерни комбинации.
Pillbox капи
Овие капи беа омилен додаток на Џеки Кенеди, а низ годините почнаа да се поврзуваат со моќни и влијателни жени.
Најдобро изгледаат со поелегантни комбинации, а ќе бидат актуелни и во зима, бидејќи изгледаат предобро со класични капути и бунди.
Бејзбол капче
Бејзбол капчињата се секогаш овде, но изминативе година-две имаа вистински камбек.
Ако некогаш се носеа само во лето, како заштита од сонце, сега се одличен додаток за есенските полежерни комбинации.
Но, бидејќи можете да ги најдете од разни материјали, може да се комбинираат и со поелегантни аутфити.
Марами
Марамите се летен хит веќе неколку години, но повеќе како додаток со кој е врзана косата.
Летово, а и оваа есен, помодерно е да носат на главата, така што ја покриваат косата.
Широк стегач
Широките стегачи кои беа хит во 2000-тите повторно се враќаат во мода.
Не само што изгледаат добро, вклучително и во зимски комбинации, туку се и доста практични, особено ако ве мрзи да правите фризура.
Спирова С. | Црнобело
